- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Еден од најпопуларните мириси од 90-тите години на брендот на Laura Biagiotti, покрај култните мирисни креации Roma i Sotto Voce е мирисот Laura, чист и свеж, цветно-овошен мирис кој всушност може да се карактеризира како безвременско, секојдневно задоволство. Првото издание на Laura е еден од најубавите, неагресивни мириси, чист со водена свежина.

Laura повторно добива на значење!

Најстарата сестра од колекцијата Laura беше претставена во 1994 година, проследена со три помлади едиции: Laura Rose и Laura Tender од 2019 година и новата Lovely Laura од 2020 година. Фокусот кон Roma колекцијата беше засенета од убавината на Laura, која повторно добива на значење, прославено преку новата варијација на Lovely Laura.

Славење на пролетните ароми!

Laura Biaggioti Lovely Laura е креирана како вистинско славење на пролетните ароми: цветен букет од јоргован и цветови од цреша, испрскани со слатки капки од мандарина, слива и малина. Ова е нежен мирис за душа, есенција за романтика и женственост.

- Реклама -

Парфимерката Veronique Nyberg создаде свеж, но истраен романтичен мирис!

Композицијата е потпишана од парфимерката Veronique Nyberg, која создаде свеж, но истраен романтичен мирис каде цвеќињата го водат главниот збор. Мирисот ги одразува соништата и емоциите на неодолива жена, опкружена со неодолива розова нијанса.

Како што објаснуваат од брендот Laura Biagiotti, Véronique создаде посебна миризлива приказна која ја потенцира женственоста и романтиката на нов начин. Овошните ноти на слива и малина при отворање на мирисот го засладуваат цветното срце креирано со цветови од цреша, јоргован и роза, опкружени со топла основа на сандалово дрво и бело мошус.

Lovely Laura е достапна во шишиња од 25, 50 и 75 мл, како Eau de Toilette.