Креиран од парфимерите Annick Menardo и Suzzy Le Helley, Boss Bottled Parfum ја подигнува култната Boss Bottled мирисна фамилија на следно ниво со највисока концентрација досега.
Впечатлива софистицираност и инспиративна топлина!
Да бидеш сам свој Boss, значи и да живееш така. Да бидеш маж кој верува на своите инстинкти. Тој не чека работите да се случат сами од себе, туку прави работите да се случат. Да преземеш контрола врз својот живот, затоа што знаеш дека најдобрите работи му се случуваат на оној кој дејствува. Таа сила и издвојување, доаѓаат од тоа вистински да се познаваш себеси. Неговата софистицираност е впечатлива, неговата топлина е инспиративна.
Скапоцените состојки даваат топлина на потписот за долготрајна интензивност и моќ!
Boss Bottled Parfum го рефлектира неговиот моќен став со длабок дрвенесто-килибарен мирис, благородна срцевина од корен од ирис и ноти на дрво од смоква.
Богат и текстуриран парфем за мажи, дрвенестиот зелен мирис се отвора со ноти на мандарина и зачинети интензивни масла. Ја открива неговата длабочина и моќ со неговата срцевина од корен од ирис и дрво од смоква, кое ја изразува неговата моќна харизма. Дрвенестите ноти на кедрово дрво во основата и нотите на кожа од растително потекло додаваат топлина на потписот, долготрајна интензивност и моќ.
Шишето го рефлектира овој смел парфем за мажи!
За ова ново дополнување на мирисната линија, инстантно препознатливото Boss Bottled шише е излакирано во „зачадена“ црна боја и украсено со капаче во црна боја. Шишето и неговото црно мат пакување се украсени со името на брендот во златна боја, која го рефлектира овој смел парфем за мажите кои живеат како Boss.
View this post on Instagram