Следејќи го успехот на Boss Nuit Pour Femme и Boss Jour Pour Femme, Boss Ma Vie Pour Femme го дополнува триото и открива нова димензија на Boss жената, претставена во ликот на познатата холивудска глумица Gwyneth Paltrow.
Мирисот опфаќа дел од нејзиниот независен дух!
Boss Ma Vie Pour Femme е инспирација од еден момент на животот на BOSS жената кој досега бил незабележан. Тоа е моментот на уживање кое таа го чувствува кога прави нешто надвор од нејзината рутина, забавува и едноставно се губи во моментите наменети само за неа. Мирисот опфаќа дел од нејзиниот независен дух и сензацијата на живеење на својот живот.
Mодерна женственост! Gwyneth Paltrow
Новата димензија на Boss жената совршено е демонстрирана преку амбасадорот на Boss Ma Vie Pour Femme, Gwyneth Paltrow. Исто како и Boss жената, Gwyneth Paltrow зрачи со самоувереност, која може да се забележи преку начинот на кој се однесува, движи, облекува.
“Среќна сум што сум дел од женскиот парфем Boss Ma Vie Pour Femme. Ми се допаѓа целиот концепт, затоа што тој претставува време за пауза и момент за себе. Секојдневно доживувам вакви моменти кога размислувам колку е убав животот. Тоа се моменти кои се толку едноставни и поврзани со срцето.”
Мирисот е инспириран од независниот дух на жената!
Boss Ma Vie pour Femme е инспириран од независниот дух на жената во моментот кога таа ужива во едноставните мигови во секојдневниот живот – вечерно одење кон дома, уживање на сонце, допирање на цвеќе. Ова се мигови кои се вистинско богатство во кои жената зрачи со женственост и доверба. Свежата и уникатна композиција од состојки ве поканува да уживате во секој поминат момент.
Модерност: Цутење на кактусот!
Топ нотите се составени од акорди на кактусов цут преплетени со зелена свежина која доаѓа од ова пустинско растение. Тоа се уникатни елементи кои се додадени на мирисот. Вметнати се со цел да предизвикаат нежност, чувство на свежина и светлост, да го надополнат уживањето во животот.
Женственост: Розов букет од цвеќе!
Во срцевината на Boss Ma Vie Pour Femme расцутува букет од цвеќиња слично како и во Boss Nuit и Boss Jour, додавајќи нежен розов допир на мирисот. Розова фрезија и јасмин се измешани со деликатесна роза креирајќи природна цветна хармонија. Нежен и деликатен, концентратот од роза е елегантна сензација од нежност и силна женственост.
Самодоверба: Кедарово дрво!
Интензивната топлина доаѓа од кедаровото дрво кое ја формира базата на парфемот. Тие ноти ја поттикнуваат самодовербата на Boss жената во нејзините моменти на уживање.
Истото елегантно шишенце!
Истото елегантно шишенце како и на Boss Nuit и Boss Jour, со мали измени во бојата, нежно розова нијанса и светол дизајн кои создаваат баланс помеѓу боите на Boss Nuit и Boss Jour шишенцата.