Кога станува збор за флертување, многу момци знаат дека се е до тоа да се обидуваш, но не да претераш во тоа. Тоа е затоа што жените сакаат мажи кои ги сфаќаат сериозно, но исто така кои се доволно кул да се забавуваат. Со други зборови, сè е до тоа да се остане автентичен, како Bruno Banani Man’s Best
Во такви ситуации, Bruno Banani одлично ќе ви помогне. Нов, елегантен, мажествен мирис кој им помага на младите момци да бидат кул и да се претстават себеси во најдобро светло – Bruno Banani Man’s Best.
Без напор да ги придобиете жените! Man’s Best
Инспириран од светот на гурманите, Bruno Banani ја носи мирисната лабораторија на едно сосема ново – премиум ниво. Малку е дрзок и токму она што би го очекувале од брендот. Број 1 брендот за парфеми од Германија, ја комбинира уметноста на без напорната заводливост. Елегантен, со доза привлечна урбаност. Bruno Banani Man’s Best – најдобрите состојки за флертување и заведување, вешто измешани во еден единствен и уникатен мирис. Мирис, кој останува на ваша страна кога ги правите вашите потези, зголемувајќи ја вашата самодоверба во тој важен момент.
За најдоброто во вас! Man’s Best
Се отвора со моментален бран на свежина, со мешавина од сочно јаболко, ноти на помело и впечатливиот и разигран пулс на розов бибер. Мажествената срцевина е извонредна мешавина од морско оревче и фантастичен цимет, сублимиран од моќните ноти на кашмир. Што се однесува до основата, харизматична трага се здружува со сандалово дрво, на кое му требаат 15 години да го произведе неговото мирисно масло, како и со интензивна ванила, двете затоплени од нежната сензуалност на тонка грав – потпишувајќи го мирисот со стил. Сè на сè, најдобрите состојки за заведување, помешани на експертски начин.
Самоуверен, софистициран мажествен изглед! Man’s Best
Да се биде “Man’s Best” во секоја смисла на таа фраза, е исто така дел од култниот дизајн. Шишенцето и пакувањето се поелегантни од кога и да било. Транспарентното шишенце ја обвиткува софистицираната мажественост, мирисот со боја на килибар. Шишенце со модерна и рапава текстура, а на него логото на Bruno Banani, придружено со исто така рапаво капаче во метално златна боја и пакување во црно-златна боја, кое перфектно ја комплетира самодовербата на Man’s Best изгледот.
Што добивате кога ќе помешате пријатен и мажествен мирис со премиум пакување?
Перфектен подарок!
Ајде веќе започнете да флертувате! Man’s Best
Што можете да научите од шармантно-харизматичниот специјалист Bruno Banani кога станува збор за уметноста на заведување?
Позитивен став! Срамежливи сте? Па што!
Зголемете ја вашата самодоверба и останете во игра! Не се споредувајте себеси со другите. Вие сте тоа што сте. Одлични сте. Малку хумор секогаш помага, a за крај: не се сфаќајте себеси премногу сериозно.