По истоименото дуо од 2019 година, Valentino Uomo Born In Roma и Valentino Donna Born In Roma, италијанскиот бренд оваа година ја надополни линијата со нови изданија наречени Valentino Donna Born In Roma Yellow Dream и Valentino Uomo Born In Roma Yellow Dream, инспирирани од културата и естетиката на градот Рим.

Новите мириси доаѓаат во препознатливите стаклени шишиња со релјефни нитни и црни капачиња, додека мирисниот сок е светло жолт. Надворешното пакување е комбинација од црна и светло жолта боја.

Valentino Donna Born In Roma Yellow Dream

Valentino Donna Born In Roma Yellow Dream комбинира освежителни ноти на лимон кои ја освежуваат розата од Дамаск во срцето на композицијата, додека за основа избрана е суптилна нота од бел мошус.

- Реклама -

Мирисот е достапен во шишиња од 50 и 100 мл како Eau de Parfum.

Valentino Uomo Born In Roma Yellow Dream

Valentino Uomo Born In Roma Yellow Dream во отворањето нуди цитрусни ноти како женското издание, но овој пат малку засладени, бидејќи за почетна нота избрана е есенција од мандарина. Во срцето доминира ѓумбир, додека основата обезбедува чувство на удобност и топлина со мешавина од кедар и ванила.

Мирисот е достапен во шишиња од 50 и 100 мл како Eau de Toilette.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име