Мистична фузија – Lancôme La Nuit Trésor Eau de Parfum!
La Nuit Trésor бил создаден од фасцинантна енигма. Бескрајно поетска приказна за две ѕвезди кои неодоливо се привлекуваат и кои конечно се судрија. Овој редок феномен кој се случува само еднаш во 100 години, создава вистински огномет на честички кои се во контакт со атмосферата, се прегрупираат и постепено се создава супстанција позната како црн дијамант. Редок и интензивен, со волшебни бои, овој уникатен дијамант на чиста мистерија е создаден од експлозија на ѕвезда. Затоа не е ни чудо што за него има толку голема желба да се обезбеди постојана инспирација во светот на накитот. Обвиен во мистична аура, приказна која содржи супстанции што никаде на друго место не можат да се најдат.
За да му се понуди на светот богатство, прво ви е потребен скапоцен камен. – Аrmand Petitjean
Волшебен спој!
Нова љубовна напивка на 21-от век, потекнува од силната привлечност на два цвета. Како и сите големи љубовни приказни, La Nuit Trésor ја раскажува приказната за неочекувана средба на двајца љубовници: роза и орхидеја. Разновидноста на два цвета се спојува во совршено избалансирана хармонија на овој специфичен и препознатлив мирис. La Nuit Trésor е оригинален израз на мирисна заводливост, мистерија и страст.
Ода на магичен цвет – црна роза!
Вечниот симбол на Lancôme и симболот на сите Trésor парфеми последните 25 години доаѓа во модерни, елегантно-потемни ноти кои содржат cyphre, која ја отелотворува самата суштина на женственост и апсолутна љубов. Сите мирисни ноти внимателно избалансирани играат на суптилна ароганција и спокојна елеганција. Составот не води низ мистичниот свет на темјанот до таинствените длабочини на пачули зачинети со ванила од Тахити, бензоева смола и папирус, што уште повеќе ја нагласува својата магнетна димензија.
Неодоливи дејствија на сензуална ванила прелиена со сончеви зраци!
Врвните дизајнери му подарија нова димензија на скапоцениот мирис и тоа ванила “Orchid tahitensis , што го прави сензуален како кожа загреана од сончевите зраци. Ретка и фасцинантна, ја одржува мистериозната еротска страна на ноќта. Нејзината дрска и опојна моќ дополнително го нагласуваат неодоливиот пралини во досега невидена количина.