Моќна и мажествена новата верзија на Le Male првиот машки парфем на брендот Jean Paul Gaultier ќе пристигне во парфимериите под името Le Male In The Navy. Мирисот ќе биде во карактеристичното шишенце на машко торзо, но овој пат во темно сина боја со бели пруги, во морнарски стил што Gaultier го обожава.
Le Male: Машки класик од деведесеттите!
Le Male е еден од класиците на деведесеттите, извонредната креација на Francis Kurkdjiana. Со текот на годините Gaultier си поигрува со дизајнот и лансира лимитирани изданија за различни прилики, летни изданија и колекционерски примероци, како и верзии на култниот оригинал.
Заедно со новото издание во фокусот на рекламната кампања се: оригиналното издание Le Male од 1995 година, Ultra Male од 2015 година и секако најновото мирисно издание Le Male In The Navy.
Le Male In The Navy: Олицетворение на сексипилот!
Le Male In The Navy најавен е како олицетворение на сексипилот. Неговата мирисна композиција започнува со ледени ароми на нане создавајќи увертира на солено морските ноти кои доминираат во срцето на мирисот, придружувани од ванила и амбер во основата. Според најавите од брендот: “Сите овие ноти се карактеристични за крајно секси морнари”.
Парфимерите кои ја потпишаа мирисната композиција Le Male In The Navy се Quentin Bisch и Nathalie Gracia-Cetto.