- Реклама -

Мирисната колекција Orange Extraordinaire ја проширува линијата на парфеми со Еxperimentum Crucis кој претставува новитет што ја изразува интензивноста на луксузниот материјал, ретка нота и хармонија на целината.

Orange Extraordinare e единствена мирисна колекција која придонесува за создавање на истенчен вкус.

Приказна!

Се започна пред неколку години една летна вечер, на улицата Saint-Martin во Париз. Стоев на покривот на основното училиште – симбол на републиката, место на убавини и чуда. Тука, под ѕвездите го сретнав мојот пријател – старoучилишен филозоф заглавен некаде помеѓу 20 и 21 век со енергичен и еклектичен дух, љубител на луѓето. Човек кој треба добро да се запознае, човек кој е сестран. Накратко личност која треба да се познава во животот.

- Реклама -

Го запрашав:

Jean, ти ја знаеш мистеријата на човештвото подобро од кој било друг, ако те прашам кој човек според тебе има најмногу достигнување меѓу луѓето со своето постоење на Земјата, кое име ќе го кажеш? И поштеди ме од имиња кои обично се појавуваат како Albert Einstein, William Shakespeare, Louis Pasteur. Пробај да ме изненадиш и да ме одведеш онаму каде што нема други.

Сакаш некој нов? Остави ме да размислам малку!

Jean погледна во ѕвездите за момент, а потоа со шепот ми кажа:

Isaac, Да, Isaac!

Кој  Isaac?

Isaac Newton без дилема, да – не гледам некој друг кој такво знаење пренел на човештвото, се со помош на еден ум, без криење без одземање. Тоа што го дознал ни го пренел нам. Неговото наследство е огромно и ќе преовладува со векови. Целата негова работата ја сумираше во еден наслов, на латински – многу убав наслов. Суштински! Насловот беше EXPERIMENTUM CRUCIS, се надевам дека добро ќе го искористиш. Ова е мојот одговор на твоето прашање!

Jean, те слушнав и ја направив Orange Extraordinaire колекцијата како почитување на гравитацијата. Идејата за слоган е од следново „надвор од светлината и гравитацијата“ која сугерира дека љубовта и пробувањето на нов мирис се посилни од времето и гравитацијата.

Да, тоа е пост-рационализација, ама нас тоа не не интересира. Има разлика во драгоцените мирисните супстанци, дифракција на нивното будење, како зрак на светлина која патува низ призмата. Поезијата на овој парфем може патува до Isaac Newton. Се темели на границите на возвишеното, на фундаментална наука и љубовна приказна, помеѓу теорија на брановите и теорија на светлината. Заведување кое е на границите на пристојност, пресудно искуство на прашањето дали да го носите на кожата додека чекорите по нови патишта, исполнети со светлост, движејќи се кон поезијата на виножитото.

-Etienne de Swardt

Парфемот!

Откријте ја новата миризлива патека, надвор од светлина и гравитација! Newton, извини! Легендата кажува дека едно јаболко паднало на главата на Newton – и така е создадена теоријата на универзална гравитација.

Но, ајде да замислиме различно сценарио – Newton кој спиеше под розовата грмушка и наместо јаболко му паднала свежа роза полна со мирис на главата. Дали ќе го почувствува тоа?

Дали ќе ја втурне главата во срцето на роза?

Што би значело тоа за неговата теорија?

Мирисот: Чемпрес! Многу прецизна и јасна формула, кога нешто одеднаш директно паѓа на вас и никогаш не ве напушта.

Newton извини! Твоето извонредно искуство не научи на тоа дека боите не се карактеристики на објект, туку својства на светлината. Благодарение на вас, сега знаеме дека белата боја е мешавина на зраците на виножито. Ако кај нас не е црвено тоа е затоа што, кога е осветлен со белата светлина (на пример, сончева светлина), неговата површината ги впива сите обоени сончеви зраци, освен црвената. Простете ни што ве земавме како инспирација за Еxperimentum crucis! Бевте инспирација и извор на критиките за многумина, и на начинот на кој вашата теорија ја менувала нашата визија на светот, се обидовме да создадеме мирис кој ќе го менува светот.

- Реклама -