Chanel Chance линијата е едно од најпопуларните мирисни семејства во светот, а колку е омилено, доволно е да се каже дека куќата за убавината Chanel во него постојано додава новитети, со цел да ги воодушеви сите љубители на Chance мирисите, кај кои во срцето доминира јасмин.
Chanel Chance мирисно семејство!
Тука е оригиналниот Chance лансиран во 2002 година како цветен парфем со многу весел карактер, потоа Chance Eau Tendre, Chance Eau Vive и Chance Eau Fraîche, членовите на ова мирисно семејство кои се достапни во повеќе варијанти, од Eau de Toilette едиции во карактеристично проѕирно округло шишенце, до миризливи гелови за туширање, креми и масла за тело, се до мирисни води за коса. Секој од овие производи е посебен на свој начин и носи заоблена нега за тело што остава неодолив мирис на Chance парфемот.
Chance Eau Tendre! Eau de Parfum верзија!
Сето ова е увертира за новитетот кој Chanel го подготвува за Јануари и самиот почеток на 2019 година, а се работи за Chance мирис кој за прв пат доаѓа во Eau de Parfum верзија. Тоа е голема новост, бидејќи мирисите Chance досега беа формулирани само како Eau de Toilette, што значи дека Eau de Parfum верзијата ќе биде уште поинтензивна и подолготрајна на кожата.
Поинтензивен и подолготраен, со повеќе мирисни слоеви кои се развиваат!
Како Eau de Parfum, за прв пат ќе се лансира цветно-овошниот Chance Eau Tendre мирис, сега реинтерпретиран со потпис на парфимерот на Chanel, Olivier Polge. Сега поинтензивен и подолготраен, со повеќе мирисни слоеви кои се развиваат, ја отелотворува самоуверената женственост. Егзотичниот јасмин и роза доминираат во средните мирисни ноти, грозјето и дуњата во горните, а основата е компонирана со кремаст бел мошус.
Chance Eau Tendre парфемот ќе биде достапен во 50мл и 100мл, како Eau de Parfum.
Се очекува во парфимериите да се најде почнувајќи од следната година.