Најчесто одбираме парфеми кои делуваат како инстант поттикнувачи на расположението, особено кога сме под стрес или сакаме дополнително да го разубавиме нашето расположение. Тие веднаш ни носат чувство на удобност. Покрај тоа, мирисите евоцираат спомени од детството или одредено место и време што не прави да се чувствуваме подобро. Но, често менуваме парфеми во зависност од годишните времиња. Во зима посакуваме малку поинтензивни мириси кои ќе не „загреат“, додека за пролет и лето обично преферираме цветни, свежи и понежни мириси.

За среќа, секоја година се лансираат толку многу нови парфеми кои се создадени да ни помогнат да ги разубавиме пролетните денови. Оваа година, пролетните парфеми мирисаат повеќе разновидно од било кога!

Пролетни парфеми кои ќе ви го освежат секој ден!

Понекогаш се чувствуваме прилично збунето кога станува збор за избор на нов мирис. Едниот може да биде премногу овошен или недоволно мошусен, додека другиот може да содржи мешавина од состојки за кои никогаш порано не сме чуле. Но, на крај секогаш постои еден што точно ќе ни одговара.

Всушност, совршениот мирис може да биде оној што веќе го познавате и сакате, но само со мал пресврт и во ново издание. Добри примери за такви парфеми се Chanel Coco Mademoiselle L’Eau Privée или Marc Jacobs Daisy Spring. Сега брендовите за убавина создадоа сосема нови мириси кои ќе ни помогнат да се чувствуваме како пролетта навистина да пристигнала после бурната зима. За да ви го олеснам изборот, во продолжение дознајте кои се најдобрите пролетни парфеми што ќе ги обожавате да ги користите во 2021 година.

Lancôme La Vie Est Belle Soleil Cristal

- Реклама -

Michael Kors Gorgeous!

Tom Ford Rose Prick Eau de Parfum

Kilian Love Don’t Be Shy Extreme

Lancôme Idôle L’Intense Eau de Parfum

Marc Jacobs Daisy Spring

Chanel Coco Mademoiselle L’Eau Privée

Valentino Donna Born in Roma Yellow Dream

Boss Alive Eau de Toilette

Versace Pour Femme Dylan Turquoise

- Реклама -

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име