- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Колку и да се талентирани музичарите, оркестарот нема да има беспрекорна изведба на најубавата симфонија, ако пред оркестарот не застане диригент. Така е и во шминкањето! Без разлика дали сте се одлучиле за дневна, вечерна или за шминка за специјални прилики, мачкини очи или smokey ефект на очите, совршенство ќе постигнете само кога на трепките ќе нанесете од Нејзиното Височество – маскарата. За жал, последниот чекор не секогаш излегува зачудувачки колку што посакувате и тоа е причината зошто понекогаш ви се чини дека беспрекорни трепки е само мит или маркетинг трик. Но, сега во парфимериите пристигна L’Oreal Unlimited маскарата, вашето диригентско стапче коe секој неуспех ќе го претвори во победа!

Unlimited маскарата може сé!

Повеќето од нас во своите несесери имаат маскари од брендот L’Oreal. Секогаш им се враќаме повторно, а има премногу причини. Сакате трепките да ви бидат подолги – нема проблем! Погусти? Повторно, нема проблем! Ви треба водоотпорна маскара, тоа не е проблем! Па, што недостасува на оваа листа? Одговорот е едноставен – недостасува формула која истовремено ќе го постигне ефектот на подигнати, закривени и издолжени трепки. А тоа е само почеток…

Игра без граници!

Ако ви се досади средновековната справа за тортура отелотворена во виткачот за трепки или ве мрзи да ставите вештачки трепки, не грижете се! Новото мејкап поглавје само што започнува и на наша голема радост – не знае за граници. Четката со две позиции прави чуда, така што секоја трепка, па дури и оние најмалите, повеќето недостапни, секогаш ќе бидат закривени, издолжени и максимално нагласени со неодолив црн пигмент.

Шминкањето на очите ќе стане многу побрзо со Unlimited маскарата, бидејќи текстурата лесно се размачкува и едноставно се лизга кога се нанесува. Покрај тоа, прецизноста на четката гарантира дека бојата нема да се преслика на очните капаци, па може да заборавите за досадното чистење на размачканата боја и губењето на драгоцено време. Полимерите што ги закривуваат трепките, обезбедуваат дефиниција и постојаност, а тоа ќе биде причината да изгледате како да сте излегле од салон за убавина. Unlimited маскарата во вашата дневна рутина ќе донеси елементи на професионална шминка и затоа и нема конкуренција.

- Реклама -

Двојната четка како волшебно стапче!

За само неколку секунди, ќе го постигнете она што секогаш сте го сонувале, благодарение на двојната закосена четка. Таа со брзина на светлина ја нанесува новата, подобрена формула и повеќекратно го скратува времето поминато пред огледало.

Оваа иновативна четка лесно ги наоѓа сите трепки, дури и оние тешко достапните на краевите на очите.

Две позиции на четката!

Повеќе не мора да измислуваш акробатски потези, сега се е многу едноставно:

Ако сакате да постигнете ефект на издолжени и подигнати трепки, важно е четката да биде во исправена положба, како да нанесувате обична маскара.

Закосената позиција на четката е наменета за да се достигнат оние најкратките и најмалку пристапни трепки, кои конечно ќе дознаат што значи допир на маскара. Со еден потег на четката од надворешниот кон внатрешниот агол на окото трепките ќе добијат интензитет и цврсто ќе останат на своето место.

Сега, професионалното шминкање ќе биде достапно за сите! Доволна причина L’Oreal Unlimited да стане вашата нова омилена маскара?