MAC Cosmetics е еден од омилените мејкап брендови во светот, кој во својата понуда ги има некои од најпопуларните мејкап производи. Иако секоја нова сезона и секоја нова колекција носи неколку нови изненадувања, трендови и производи, сепак добро познатите и обожавани класици со потписот на MAC е причината за што секогаш се враќаме во MAC продажните места. Од пудрите, како основа на секој мејкап изглед до фиксаторот во спреј за постигнување на завршен печат кој шминката ја прави постојана и долготрајна. Позади брендот MAC има цела колекција на производи-класици кои со години се обожавани од сите бјути инсајдери и љубители на високо-квалитетни мејкап производи.
Најпопуларните нијанси на кармини споени со совршени нијанси на моливи за усни!
Меѓу омилените MAC производи како најпопуларни, сигурно се истакнуваат кармините. Од одлични формули до култни нијанси како што се: Ruby Woo и Velvet Teddy, MAC кармините за усни со право го има статусот на бјути класици. За да ги направат најпопуларните нијанси на кармини уште подобри, раскошни и исклучително постојани, популарниот мејкап бренд ги спои со совршени нијанси на моливи за усни и ја создаде MAC Lip Duo колекцијата за совршено нагласени усни.
МАС мејкап колекција за совршено нагласени усни!
Помеѓу MAC кармините за усни многу мејкап фанови го имаат пронајдено својот совршен секојдневен кармин, но исто така и оној посебен кармин кој во неколку потези создава впечатлив мејкап изглед. Со различни формули кои варираат од кремасти кармини или оние со ситни сјајни честички, до омилените кармини со мат ефект, MAC носи раскошна палета на нијанси кои се издвојуваат како неопходен додаток на секоја мејкап колекција. Со текот на годините, во MAC колекцијата на кармини се истакнаа неколку фаворити на кои сега им се приклучија совршени нијанси на моливи за очи. Ефектот што ќе го постигнете со едноставен, но моќен MAC Lip Duo производ се совршено нагласени усни и раскошни бои кои ќе траат со часови.
Во MAC Lip Duo колекцијата својата совршена нијанса ќе ја пронајде секој, бидејќи вклучува сè, од нежни розови и корални до светли и пригушени тонови. Сите комбинации за совршено истакнати усни ви ги прикажувам во продолжение.
Ruby Woo / Ruby Woo
Russian Red / Follow Your Heart
Lady Danger / Redd
CB 96 / Lasting Sensation
See Sheer / Subculture
Kinda Sexy / Boldly Bare
Persistence / Spice
Chilli / Auburn
Cockney / Cherry
Dare You / Brick
All Fired Up / Beet
Faux / Dervish