Светот на парфемите и во Новата година ни подготвува многу нови изненадувања, а лансирања на нови мириси ќе има во изобилство. Тоа го потврдуваат и најновите парфеми кои во продажба доаѓаат со првите денови на Јануари и го најавуваат почетокот и продолжувањето на трендот на претставување на нови парфеми во 2019 година.
Кои мирисни ноти ќе преовладуваат во 2019 година!
Во светот на парфемите веќе на големо се дискутира за тоа кои трендови ќе преовладуваат во 2019 година, а најбарани треба да бидат оние интензивно-гурманските и се разбира парфемите со цветни ароми и цветни букети, кои својата кулминација ќе ја достигнат во пролетната сезона. Што се однесува до новите лансирања, парфемите кои ќе почнете да ги приметувате на полиците на парфимериите веднаш по Новата година, ќе станува збор за нови верзии на добро познатите парфемски линии.
Нови парфеми за почетокот на 2019 година!
Dior во парфимериите доаѓа со култниот парфем Hypnotic Poison, но во една нова roll-on форма, која се претпоставува дека ќе стане главен тренд во 2019 година, како практично пакување на парфем кој овозможува нанесување во секое време, особено кога сте во брзање. Мирисното дуо за неа и за него од Emporio Armani линијата се покажа толку успешно во 2018 година, што сега пристигнуваат две нови верзии: Stronger With You и In Love With You, додека безвременскиот YSL Black Opium го добива своето интензивно издание. Обожавателките на Marc Jacobs Daisy парфемите ќе добијат нова колекција на сончеви мириси: Daisy Sunshine, Daisy Dream Sunshine, Daisy Eau So Fresh Sunshine и Daisy Love Sunshine.