- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Black Opium Eau de Parfum – популарниот сладок парфем од брендот Yves Saint Laurent, лансиран во 2014 година, претставен е во ограничено колекционерско издание „илузија од бура“ – Black Opium Storm Illusion. YSL Black Opium е мирис кој е опишан како „рок мода“, сладок и ориентален, кој предизвикува зависност – тој е неспоредлив во провокација и намерно е заводлив.

Голема молња ја облекува силуетата на црното шише!

YSL Beauty го украсува црното шише со насликана молња, како симбол на модата и YSL „рокенролот“, како допир на „свежа, моќна“ енергија. Големата молња изработена е од црни, розови и сребрени светки и ја облекува елегантна, сјајна силуета на црното шише.

Black Opium изданието останува со непроменет мирисен состав!

Ова издание на Black Opium останува со непроменет мирисен состав. Воведните ноти на црно кафе, зачини и круши се спарени со бели цветови. На сето тоа додатна доза на слаткост нуди ванилата, завиткана во пријатни подтонови на бел мошус и дрвја.

- Реклама -

Заштитно лице на парфемската линија е Zoë Kravitz. YSL Black Opium Storm Illusion е достапен во 50 мл, како Eau de Parfum.