Givenchy ја започнува Новата 2019 година со лансирање на нов женски мирис од Live Irrésistible колекцијата наречен Live Irrésistible Rosy Crush. Парфемот е инспириран од слободата, предизвиците, смелоста и женственоста, а тоа е постигнато со голема доза на рози и пачули.
Live Irrésistible колекција!
Live Irrésistible мирисната колекција беше лансирана со оригиналниот мирис од 2015 година. Други мириси кои ја сочинуваат оваа колекција се: Live Irrésistible Eau de Toilette од 2016 година, Live Irrésistible Eau de Parfum Délicieuse од 2017 и Live Irrésistible Blossom Crush од 2018 година.
Доминираат нотите од роза!
Новата мирисна композиција е потпишана од парфимерот Dominique Ropion. Доминантните ноти од роза се освежени со розов бибер и „витаминска“ свежина на гоџи бобинки. Апсолут розата и апсолут божурот доминираат во срцето на парфемот поставено на база на пачули.
Givenchy Live Irrésistible Rosy Crush ќе биде достапен во 30, 50 и 75 мл, како Eau de Parfum.