Верувам дека сите знаете за една од најпознатите шминкерки на светот, како и за нејзиниот легендарен бренд Bobbi Brown. Од Bobbi Brown ни доаѓаат со ново изненадување, долгоочекуваниот течен кармин Crushed Liquid Lip.
Bobbi Brown кармин кој морате да го имате на своите усни оваа пролет!
Crushed Liquid Lip карминот од брендот Bobbi Brown е течен кармин кој претставува комбинација на балсам за усни и интензивен пигмент кој едноставно треба да го имате на своите усни и во својата чанта сезонава.
Смели нијанси што создаваат сочен ефект на усните!
Одличен е за сите жени кои што сакаат смели нијанси што создаваат сочен ефект на усните. Станува збор за новата линија течни кармини Bobbi Brown кои „зависниците од убавина“ нетрпеливо ги очекуваа.
Нова формула која овозможува долготрајна покривност!
Сочни кармини кои содржат супер слатка мешавина на екстракт од брусница, боровница и малина, нова формула која овозможува долготрајна покривност. Богат пигмент кој на усните создава чувство на удобност и хидратација. Лесен за носење во 12 нови нијанси кои ќе освежат сечиј изглед.
View this post on Instagram
@malchevaaneta