Trésor во злато како ново лимитирано издание на брендот Lancôme ќе биде претставено во Април 2019 година. Новиот Trésor en Or е создаден како спротивност на оригиналното издание, компониран од парфимерот Dominique Ropion кој ја модернизира оригиналната верзија со истакнување на нотите на божур, кој носи флуидност и леснотија.
Зависна текстура на мирисот!
Композицијата на мирисот Trésor en Or е создадена од турски роза, апсолут јасмин и свежи цветови на божур со потпис на оригиналот, со користење на праска и кожни ноти. Кожните ноти на Trésor се засилени со пачули и масло од амбрете. Сензуалната арома која ја поседува маслото од амбрете во комбинација со мошус придонесува за зависната текстура на мирисот.
Мирисот Lancôme Trésor en Or ќе биде достапен во шишенца од 50 мл, како Eau de Parfum, во ограничено издание од Април 2019 година.