- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Секој новитет на култната француска модна куќа Chanel, веднаш по лансирањето го привлекува вниманието на љубителите на модата и убавината ширум светот, особено кога е во прашање новитет од линијата на парфеми.

N°1 de Chanel L'Eau Rouge fragrance

Новитетот на познатиот бренд стана еден од најчесто коментираните!

Новиот Chanel N°1, со име N°1 de Chanel L’Eau Rouge не е исклучок, бидејќи е еден од најчесто коментираните мириси во светот. Најголемиот куриозитет на новиот мирис на парискиот бренд е тоа што не се работи за парфем, туку за миризлива вода за тело.

Лансиран е како дел од новата колекција за нега на кожа и производи за шминка, наречена Chanel N°1, а зад мирисот стои парфемскиот нос Olivier Polge.

Chanel N1 line

- Реклама -

Комбинацијата на ароми во исто време носи свежина и женственост!

Во горните ноти доминираат ароми на црвени бобинки и цитруси, додека во средните ноти се цветни тонови на роза, јасмин и цвет од портокал. Основата содржи малку потопли, пудрести и мошусни тонови и арома на ирис, што ја прави оваа миризлива вода многу романтична, женствена и топла.

Колекција која обединува три димензии – нега на кожа, шминка и мирис!

Целата колекција ја претставува глобалната визија на брендот Chanel, кој обединува три димензии – нега на кожа, шминка и мирис, а линијата ја прати симболот на цветот од црвена камелија зад кој стои силна симболика.

camellia flower

Симбол кој ја обедини колекцијата!

Екстрактот од цветот на црвена камелија има силни својства против стареење. Бидејќи колекцијата комбинира мирис и врвна козметика, можеме да се согласиме дека симболот одлично ги претстави новитетите на Chanel.

N°1 package

Свежина и енергија!

Мирисната вода N°1 de Chanel L’Eau Rouge се карактеризира со исклучителни освежителни својства, што ја прави идеален избор за секојдневно користење. Внесува свежина и енергија, но и нежност и мекост по кои се познати парфемите на овој француски бренд.

N°1 de Chanel L'Eau Rouge

Прекрасен мирис и хранлива нега!

Инспириран од црвената камелија, Olivier Polge користеше основа на слични производи за нега на кожа во комбинација со освежителна цветна вода и ревитализирачки екстракти за да во еден чекор на кожата на телото му донесе прекрасен мирис и хранлива нега.

Првото нешто што го чувствувате по нанесувањето на мирисот е свежината на бобинките и цитрусите, но многу брзо на површина излегува топлината и женственоста на јасминот и розата, препознатливите ароми на Chanel.

N°1 de Chanel L'Eau Rouge bottle

Ароми кои ќе ве придружуваат цел ден!

Длабочината на ирисот и мошусот носи совршена рамнотежа, поради што овој мирис за многу кратко време ги освои жените од сите возрасти.

Исто како и повеќето мириси на познатата француска модна куќа и овој се одликува со исклучителна издржливост, така што свежината и разиграноста на неговите ароми ќе ве придружуваат во текот на целиот ден.

Chanel N1products