Како основа на популарните мирисни изданија Bright Crystal, брендот Versace преку Bright Crystal Absolu женскиот мирис понуди поинтензивна варијанта на оригиналниот мирис со надеж дека ќе ги воодушеви верните фанови на Bright Crystal мирисната линија.
Композиција која нуди енергичен мирис полн со љубов!
По огромен успех на Bright Crystal на светско ниво, Versace одговори на желбите на многу клиенти кои бараа поинтензивни верзија. Креативниот директор на брендот Versace – Donatella Versace, истакна дека тоа е истиот мирис, но со зголемен интензитет и времетраење, композиција која нуди енергичен мирис полн со љубов.
Неверојатната енергија!
Неверојатната енергија на Versace Bright Crystal Absolu веднаш се издвојува меѓу сочната калинка и семињата кои создаваат необична свежина, чиста и природна. Збогатен со кадифени ноти на малина, акцентирани со елеганцијата на божурот, заедно со рафинираните ноти на магнолијата и лотосовите цветови. Патеката на мириси евоцира интензивна и сладострасна сензуалност со скапоцен растителен килибар, acaи дрво и живописен мошус.
Заштитното лице на мирисот е Candice Swanepoel!
Шишето останува со иста форма, но со малку потемна розова боја, додека надворешното пакување е украсен со бели и сиви орнаменти.
Рекламна кампања е фотографирана од страна на Mario Testino, а заштитното лице на мирисот е Candice Swanepoel прикажана на луксузни софа, облечена во блескав вечерен фустан држејќи го шишенцето со парфемот Versace во рака.
Доверете ја вашата женственост!
Апсолутна сензуалност. Апсолутна светлина. Апсолутно искушение. Доверете ја вашата женственост на безвременски заводлива моќ на Bright Crystal Absolu и бидете во хармонија со гламурот на Versace.