- Реклама -

Carolina Herrera почнува нова авантура со Bad Boy, извонреден мирис кој го буди митот на вечниот бунтовник. Тој е оној смелиот, кој ги крши правилата и оди по својот пат.

Bad Boy – новиот иновативен и експлозивен машки парфем!

Моќен и софистициран мирис за уникатни мажи кои се осмелуваат да ги прифатат сите аспекти на современaтa маженственост. Мирис кој го открива двојниот карактер на бунтовникот, неговата силна, но чувствителна страна – моќен и емпатичен, во исто време храбар и ранлив. Неговата храброст се содржи во способноста да ги изрази и сподели своите чувства. Bad Boy е ода на бунтовните мажи кои се борат за сопствените принципи и се верни на својот идентитет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CAROLINA HERRERA (@carolinaherrera) on

„Толку е добро да се биде лош“ – слоган кој го изразува духот на оваа креација!

Bad Boy е ориентален ароматичен мирис во кој спротивностите се испреплетуваат: светлината на жалфија, бергамот и бибер во мешавина со сензуалната темнина на тонка, какао и амбер. Bad Boy ги изразува нијансите на природата на современиот маж.

- Реклама -

Горните ноти на овој мирис се свежината на црвениот и бел бибер во спој со лимонската живост на италијанскиот зелен бергамот. Тајната на Bad Boy се наоѓа во базните ноти каде тонката и какаото се мешаат и создаваат револуционерен мирис.

Молњата е симболот на Bad Boy!

Молњата е симболот на Bad Boy, го претставува хероизмот и силата – алегорија на неговата личност: непредвидлив, необичен, привлечен и фасцинантен.

„Размислував за овој проект некое време: Сакав да дизајнирам мирис што ќе презентира нова димензија на маженственост. Идејата за овој исклучителен парфем е заснована на важна формула, оформена од контрасти и богати состојки“ – изјави Carolina Herrera de Báez креативен директор на брендот Carolina Herrera.

Таа го создаде овој мирис во соработка со парфемските креатори Quentin Bisch and Louise Turner.

Ги привлекува сите погледи и не може да остане незабележан!

Bad Boy ги менува димензиите онаму каде што ќе помине, го обликува градот создавајќи магнетизам на кој никој не може да одолее. Ги привлекува сите погледи и не може да остане незабележан. Зрачи со електрична светлина што го прави посебен и уникатен.

„Биди лошо момче и ослободи го својот потенцијал“

- Реклама -