Dior претстави нови кармини кои се одлични за нега на усните!

Со возбудливата есенска сезона доаѓаат подеднакво возбудливи есенски мејкап новитети, а Dior оваа сезона приреди вистинско бјути изненадување. За Rouge Dior карминот се вели дека е многу повеќе од обичен-класичен кармин, поточно се работи за производ кој ја комбинира снагата на бојата и креативноста, а новитетите од линија на кармини – Ultra Care отворија ново поглавје кога станува збор за производи за убавина со потпис на брендот Dior. Тие ја споија декоративната со препаративната козметика и потенцираа дека негата стана многу важен дел во целиот креативен процес. Ова го потврди и креативниот директор Peter Philips, кој изјави дека убавината на овие кармини кои истовремено ги негуваат усните, го потврдува фактот дека кога се чувствуваме добро – ние изгледаме добро!

Rouge Dior Ultra Care кармин!

Карминот Dior Ultra Care има долготраен, повеќечасовен ефект, а во карминот се користи масло од camelina со 100% природно потекло, кое е богато со есенцијални масни киселини кои длабоко ги негуваат усните. Додаден е дериват на екстракт од масло од јојоба, кој ја зајакнува бариерата на усните и помага во хидратацијата, бидејќи го спречува губењето на вода, така што усните се совршено хидрирани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dior Makeup (@diormakeup) on


Rouge Dior Ultra Care течен кармин!

Покрај класичниот кармин на колекцијата додадени се течни карминиRouge Dior Ultra Care Liquid Lipsticks кои имаат мек, мат финиш, а во срцето на овие кармини исто така се наоѓа маслото од camelina, кое е комбинирано со масло од бадем и shea путер. Се работи за воздушеста, кадифена формула која на усните делува како mouss, лесен е и создава прекрасен ефект на усните кога се нанесува со прецизниот апликатор, при што еднаква количина на кармин се нанесува на усните.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dior Makeup (@diormakeup) on


Natalie Portman – заштитно лице на Rouge Dior Ultra Care!

Заштитното лице на новиот кармин на Dior е Natalie Portman, која преку рекламната кампања за новиот кармин ја откри нејзината поинтимна и сензуална страна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dior Makeup (@diormakeup) on


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *