- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Неколку години наназад, брендот Beauty Blender стана синоним за совршен мејкап сунѓер кој предизвика вистинска револуција во светот на шминка. По неколку години доминација на мејкап четките, Beauty Blender понуди нов начин на нанесување на течната пудра која е најважниот дел од секој мејкап изглед и ги воодушеви сите оние кои го испробале. Додека многу брендови за убавина се обидуваат да создадат сличен сунѓер, Beauty Blender се истакнува како најдобра мејкап алатка на пазарот.

Моќно дуо!

По неколку различни верзии и колекции на нивниот култен производ, брендот Beauty Blender одлучи да влезе во светот на мејкап производите и тоа сосема очекувано, создавајќи течна пудра која во комбинација со нивниот мејкап сунѓер создава моќно дуо.

Beauty Blender Bounce – пудрата која цел мејкап свет со нетрпение очекува да ја испроба!

По неколку недели на прекрасни најави од моќни парови како што се Бијонсе и Џеј-Зи, со чија помош на многуте фанови на социјалните мрежи беше најавен новиот производ, брендот Beauty Blender пред неколку дена конечно откри за кој производот се работи – совршена течна пудра што целиот мејкап свет едвај чека да ја испроба. Течната пудра Bounce е спакувана во едноставно, но не типично шишенце за течна пудра.

- Реклама -

Дизајн со практична функција!

Зад интересниот дизајн, постои практична функција – наместо на рака или директно на мејкап сунѓерот, што се препорачува за нанесување на Bounce пудрата, течната пудра се истиснува во вдлабнатината дизајнирана по мерка за Beauty Blender сунѓерот.

 

24 часовна покривност и кадифен финиш!

Beauty Blender Bounce течната пудра на полиците на продавниците за убавина и онлајн продавниците ќе пристигне на 24 јули и уште сега ветува многу. Во 32 различни нијанси, Beauty Blender Bounce течната пудра е најавена како долготрајна пудра која ќе се задржи на кожата до 24 часа, а чија лесна формула без парабен, сулфати и масло, но со додаток на хијалуронска киселина и екстракти од бреза, овозможува одлична покривност и кадифен финиш.

Се чини дека брендот Beauty Blender создаде уште едно вистинско козметичко колаче.