- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Во последниве години маникирите што ги носиме станаа повеќе креативни. Несомнено е дека социјалните мрежи имаа голема улога во приближувањето на трендовите од целиот свет. Покрај тоа што имаме можност да видиме како изгледаат маникирите на светските трендсетерки исто така се запознаваме со работата на познатите уметници за нокти чија креативност понекогаш навистина е неверојатна.

Инспирацијата што ја добиваме од фотографиите што ги наоѓаме на Инстаграм, најчесто ги носиме во нашите омилени козметички салони и бараме иста таква креација на нашите нокти. Денес со маникирите се случува она што порано се случуваше со фризурите на познатите пејачки и актерки кои неуморно ги копиравме на себе. Инспирирани од Инстаграм профилите се повеќе се оддалечуваме од класичните стилови на маникир во знакот на нуд и црвените лакови за нокти, а се повеќе своето место го заземаат интересните и не толку типични бои, но и ефектите со nail art.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Betina R. Goldstein (@betina_goldstein) on

Betina Goldstein, жена чии што маникири нè инспирираат секој ден!

Една од предводничките на маникирот за кои креации на Инстаграм воздишуваат жените низ целиот свет, дефинитивно е Betina Goldstein. Таа своето искуство го стекна зад сцените на модните ревии и се здоби со големо искуство работејќи на многу модни кампањи, како уметник за нокти со седиште во Лос Анџелес. Нејзините маникири, а особено оние што ги презентира на својот профил на Инстаграм, најдобро можат да се опишат како класика со пресврт и подеднакво се обожавани од жени кои се идентификуваат како минималисти, како и оние кои во стилот се идентификуваат како максималисти.

Колку се популарни маникирите на Betine Goldstein и каков е интересот за нив најдобро покажува фактот дека Инстаграм публиката на овој омилен уметник за нокти порасна до 300.000 следбеници. Интересно е што Betina е задолжена за маникирот на познатите жени на црвениот тепих, па вреди да се спомене дека меѓу нејзините клиенти се и актерките Rosamund Pike, Elisabeth Moss, Zoey Deutch и Nicole Kidman.

- Реклама -

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Betina R. Goldstein (@betina_goldstein) on

Betina несебично ја споделува својата експертиза со нејзината растечката публика на Инстаграм. Во Highlights на нејзиниот Инстаграм профил ќе пронајдете совети и трикови за маникир, како и чекор по чекор упатства кои откриваат како да ги создадете некои од нејзините најпопуларни стилови.