- Реклама -

Веднаш да се разбереме, безобразно црни трепки не се за секого! За да бидете горда сопственичка на безобразно црни трепки, треба да исполнувате одредени услови. Значи, мора да бидете самоуверена, храбра и свесна за вашите квалитети; треба да знаете што сакате и на крај мора да верувате дека моќта е во женскиот поглед! Ако со одобрување ги читате овие редови, сметајте дека сте добиле зелено светло за безобразно црни трепки…

Магепсајте ги соговорниците!

Со гордост истакнете ја убавината на вашите очи, магепсајте ги соговорниците и направете пред вас да треперат од неизвесност, возбуда и мистерија. За да го постигнете ова, потребна ви е само “правата” маскара!

Маскарата е една од најважните козметички производи!

Повеќето жени сакаат поголеми и побујни трепки од нивните природни, па затоа не е изненадувачки што маскарата е една од најважните козметички производи. Таа ќе ги направи вашите очи да ги фасцинираат луѓето околу вас, без исклучок, затоа дозволете си безобразно црни трепки!

- Реклама -

Исто така, важна е бојата, обликот на четката и текстурата, но ако изберете интензивна црна маскара која го зголемува волуменот на трепките, сигурно нема да згрешите.

“Must have” производ!

Црната маскара е “must have”  производ што секоја жена која држи до себе мора да го има. Таа е погодна за сите стилови на шминка, бидејќи го нагласува погледот, а посебно ја препорачувам на русокосите кои имаат светли трепки.

Значи, како да се избере најдобрата маскара?

Понекогаш ќе промените десетици различни маскари додека не ја одберете онаа која најмногу ви одговара, но не грижете се, тоа е вредно за напорот. Откако ќе ја пронајдете вистинската, нема да се откажете од неа додека сеуште ја има на рафтовите.

Маскара со колаген!

За ефектот на безобразно црни трепки, би било најдобро да се избере маскара збогатена со колаген. Маскарата со колаген ги зајакнува трепките, го зголемува волуменот и уште поважно не прави грутки. Исто така, би било добро да се изберете заоблена четка, бидејќи ќе достигне до самиот корен на трепките и ќе ви овозможи да нанесете двојно повеќе маскара со едно нанесување. Резултатот е брзо и лесно постигнување раскошен волумен кој ќе ги направи дури и најмалите очи забележливи и заводливи.

Совет повеќе…

На екстремно црните трепки сите ќе ви завидуваат, но не го заборавајте златното правило: нанесете максимум до два слоја!

Напротив, нема да постигнете ништо со нанесување на безброј слоеви, напротив на овој начин само ќе ги залепите трепките, а вашите очи под тежината на маскарата ќе изгледаат поспани и уморни. Покрај тоа, нема да бидете во можност да се ослободите од грутките.

Техниката на влечење!

Нанесете го првиот слој на маскара со повлекување на четката нагоре вертикално. На овој начин, максимално ќе ги подигнете трепките. Вториот слој нанесете го со влечење на четката спрема надворешниот агол на окото.

И запомнете…

Шминката на вашите очи најдобро изгледа кога ќе ги потенцирате вашите трепки. Дури и кога ве мрзи да ставите сенка, малку маскара ќе направи чудо, додека малку од вистинската маскара ќе направи засекогаш да ве паметат по неодоливи и безобразно црни трепки.

- Реклама -