Ако барате насочено дејство против стареење, не барајте понатаму! Пробајте ја Biotherm Blue Pro-Retinol кремата. Брендот Biotherm продолжува со револуционерен истражувачки пристап да обезбедува нега на кожата „по мерка“, благодарение на био-разградливите Life Plankton пробиотски екстракти кои целосно ги задоволуваат потребите на кожата на лицето.
Мулти-корективна крема за континуирано секојдневно обновување на кожата!
Новата Biotherm Blue Pro-Retinol крема е револуционерна Blue Beauty иновација. Тоа е крема со ретинол која делува против појавата на знаци на стареење и нуди континуирано секојдневно обновување на површината на кожата. Кремата докажано ги корегира брчките, текстурата на кожата и го изедначува тонот. Наменета е за сите типови на кожа.
Blue Pro-Retinol Multi-Corect кремата ја заменува Blue Therapy Accelerated кремата, воведувајќи свежа формула која вклучува обновување на површината на кожата со pro-retinol – дериват на ретинол кој ја забрзува регенерацијата на клетките на кожата и кој е нежен дури и на чувствителна кожа, правејќи го безбеден за употреба во текот на денот.
Добра за вашата кожа, добра за нашите океани!
Верни на обврската за Blue Beauty од Biotherm истакнуваат дека Blue Pro-Retinol Multi-Corect кремата има 92% природна формула. Таа е формулирана со 100% природни, обновливи и биоразградливи Life Plankton пробиотски екстракти кои ја стимулираат регенерацијата на кожата. Пластичното капаче е направено од 100% рециклиран материјал, а стаклената амбалажа е направена од 25% рециклирано стакло кое 100% може да се рециклира.
Како се нанесува?
Земете мала количина Blue Pro-Retinol Multi-Corect крема и размачкајте ја на дланките за да ја загреете. Нанесете ја на лицето со лесни потези на образите, челото, брадата и вратот. Масирајте ја кожата со притискање од центарот на лицето кон надвор. Ова ќе ја подобри внатрешната циркулација под епидермисот за постигнување на здрав сјај.
Секогаш нанесувајте крема за сончање кога користите ретинол, минимум СПФ 50. Ако сакате да ја подобрите ефикасноста на вашата рутина за нега на кожа, пробајте ја Blue Pro-Retinol кремата со Life Plankton Elixir серумот против стареење. Оваа рутина ќе ја намали хипер-пигментацијата и брчките, со ефект на обновување на површината без иритирачки несакани ефекти.
View this post on Instagram
Каде можам да ја набавам?
Ако сакате да ја набавите новата Biotherm Blue Pro-Retinol Multi-Correct крема, таа е достапна онлајн.