- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Biotherm претстави нови ревитализирачки креми со златни алги!

Како глобален експерт за напредна нега на кожа, Biotherm знае дека секојдневниот живот може да остави трага на кожата. Благодарение на ексклузивната лековита состојка Life Plankton, новите ревитализирачки креми со златни алги Blue Therapy Amber Cream посебно се формулирани за жени на возраст од четириесет и повеќе години, за да им помогне во лекувањето на видливите знаци на стареење и да се врати младешкиот сјај на кожата.

Кремите со златни алги Blue Therapy Amber Cream се збогатени со нова, исклучително ефикасна состојка за ревитализација – златна алга, поради што со голема ефикасност дневната и ноќната крема ја хидрираат, зацврстуваат и ја измазнуваат кожата, а резултат на тоа е видливо трансформирање на нејзиниот тен и текстура.

- Реклама -

Дневна и ноќна рутина за интензивна ревитализација на кожата!

Blue Therapy Amber Cream е со богата текстура која се топи на кожата и брзо се апсорбира. Дневниот крем содржи микробисери кои се топат на кожата по нанесувањето. Оваа дневна крема ја навлажнува и ја ревитализира кожата, давајќи здрав сјај благодарение на розовите, блескави микробисери. Текстурата на дневниот крем се трансформира од густа во лесна и повторно во густа, инспирирана од текстурите на корејските производи за нега на кожата – густа е на поглед и допир, лесна е на кожата и лесно продира во неа, а на крајот повторно станува густа нудејќи заштита и удобно чувство.

Ги комбинира ревитализирачките златни алги (Laminaria Ochroleuca) – избрани поради својата фасцинантна способност да произведуваат сопствена витална енергија со моќна мешавина на хранливи материи кои интензивно ја хранат кожата и ја зајакнуваат нејзината бариера.

Побогатата и раскошна ноќна крема е наменета за употреба во текот на ноќта. На кожата и дава долготрајна хидратација, поради што кожата наутро е измазнета и посјајна. Оваа исклучително хранлива ноќна крема ја зајакнува и ревитализира кожата и дава чувство на обновена и освежена кожа.

Откријте ја виталната енергија на кожата!

Понежна, поцврста, посјајна – трансформирана кожа! Новите креми со златни алги Blue Therapy Amber Cream делуваат против сувост, недостаток на сјај и нерамномерен тен на кожата за да ја излечат од видливите знаци на стареење, благодарение на уникатната мешавина на хранливи материи.

Златните алги познати се по својата способност да создаваат сопствена витална енергија. Златните алги ја ревитализираат текстурата на кожата, дејствувајќи на длабоките, но и на површинските брчки за да го вратат сјајот на кожата одвнатре. Life Plankton е единствена и посебна состојка во индустријата за козметика.

Пет растителни масла помагаат во одржувањето на хидратацијата на кожата и нејзината еластичност. Растителните масла се богати со масни киселини и ја хранат кожата, ја штитат бариерата на кожата. Shea путерот ја храни кожата и ја прави помека, а минералот на калциум учествува во создавање на метаболизмот на клеточната енергија. Кожата веднаш станува ревитализирана и хидрирана, сите видливи знаци на стареење се намалуваат и кожата е обновена одвнатре.