- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Boss Bottled Elixir, претставен оваа година е одличен пример за тоа како овој трендовски машки мирис продолжува да предизвикува голем интерес. Оригиналниот Boss Bottled се појави во 1998 година, но изгледа како да постои отсекогаш. „Bottled“ во името беше додадено подоцна за да се избегне забуна, бидејќи првично овој мирис немаше јасно име, само „Boss Hugo Boss“ напишано на шишето и кутијата.

Boss Bottled product range

Ново поглавје!

Софистицираната високо-концентрирана композиција на Boss Bottled Elixir ве охрабрува да го пронајдете својот внатрешен BOSS. Преку килибарно-дрвенестата композиција, овој рафиниран мирис за мажи содржи топол темјан и кардамом, срцевина од ветивер и пачули и основа од есенција од кедрово дрво.

Boss Bottled Elixir visual

Boss Bottled Elixir

- Реклама -

Експлозија од мажественост!

Оригиналниот Boss Bottled е реинтерпретиран со енергична изјава, ветувачка длабочина и извонредно искуство при носење. Креиран од мастер парфимерката Annick Menardo, креаторка и на оригиналниот Boss Bottled, во блиска соработка со парфимерката Suzy le Helley, овој мирис ја слави реинвенцијата на современиот класик. Elixir мириса неверојатно и плени со богатите состојки, со есенциите кои емитуваат вибрантност и длабочина, додека срцевината од ветивер и пачули остава незаборавен земјен впечаток. Со есенција од кедрово дрво и апсолут од лабданум, Boss Bottled Elixir нуди силна дрвенеста харизма и експлозија од мажественост.

Elixir ingredients

Елегантна креација на Boss Bottled Elixir приказната!

Стакленото Bottled шише е претставено во сјајна црна нијанса, која отстапува место на златен сјај во центарот, доловувајќи го духот на BOSS мажот кој ја бара својата внатрешна светлина. Сјајниот керамички завршеток и избрусеното капаче во ледено златна нијанса, придонесуваат за елеганцијата на оваа креација во Bottled приказната.

Машкиот мирис е достапен во шишиња од 50 и 100 мл, како Parfum Intense.

Elixir sizes

Boss Bottled Elixir a bottle & package