Здрав сјај на лицето без напор во неколку капки? Ви ја откривам париската тајна за здрава кожа со новата Healthy Mix Serum Foundation, иновативна мешавина од совршен серум и пудра. Новата серумска пудра од Bourjois е со чиста и веганска формула, инспирирана од нега на кожата и составена од природни состојки. Пробајте ја моќта на серумот во комбинација со покривност како пудра!
Beauty is in the mix!
Сега, без напор ќе можете да го подобрете сјајот со Healthy Mix Serum пудрата. Верувам дека овој производ од Bourjois ќе биде вашиот нов ритуал за здрава и негувана кожа на лицето. Новиот мултинаменски производ ја комбинира моќта на серум со свиленкаста текстура, со покривност како пудра. Со нанесување на неколку обоени капки ќе ја зголемите хидратацијата за моментално блескава кожа, со здрав сјај. Покрај тоа што ќе обезбеди 24-часовна хидратација, серумската пудра Bourjois Healthy Mix Serum ќе ја зголеми хидратацијата на кожата за 50% само по неколку часа носење.
Формулирана со 82% природни состојки, Bourjois Healthy Mix Serum Foundation е збогатена со екстракт од брусница, кој претставува природен пептид. Познат по своите својства против стареење, помага да се стимулира производството на колаген, враќајќи ја еластичноста на кожата со текот на времето и на тој начин ја спречува појавата на брчки. Формулата исто така има големи придобивки од легендарната антиоксидантна мешавина на Bourjois од витамини Ц, Е и Б5 за зајакнување на бариерата на кожата.
Веднаш ќе го засакате вашиот здрав сјај на лицето!
Можете да изберете од палета на нијанси што одговараат на вашата кожа. Серум-пудрата лесно се нанесува со помош на практичната капалка во шишето. Апликаторот ви дава целосна контрола врз количината на употребениот производ. Ќе добиете лесна до средна покривност што може да се надоградува, за изедначување на тонот на кожата и покривање на несовршеностите на лицето кое ќе трае преку целиот ден. Освен тоа, не е мрсна и не создава набори во фините линии. Напоменувам дека е исклучително удобна на кожата во текот на целиот ден.