- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Секоја сезона носи многу нови производи кои нè воодушевуваат со своите иновативни формули. Најновата колекција во ограничено издание Estée Lauder Bronze Goddess Azur нуди три нови производи. Тие ветуваат дека ќе овозможат исончан изглед на кожата, малку акцентирани контури и мирис што ќе го разбуди шармот на француската ривиера.

Estée Lauder Bronze Goddess Azur

Се работи за мирисот Azur Eau de Toilette со свежина на лимон од Сицилија, бергамот, зрели смокви и кокосово млеко. Колекцијата содржи и Illuminating Powder Gelee хајлајтер кој доаѓа во три нијанси. Меѓутоа главен фаворит дефинитивно е новата палета на сенки Estée Lauder Bronze Goddess Eye Shadow. Се одликува со осум луксузни нијанси кои се идеални за нагласување на исончан изглед и гламурозна, бронзена привлечност.

Луксузни сенки за очи кои ги потенцираат очите за драматичен изглед!

Совршен додаток на вашиот козметички несесер за креирање на идеален мејкап изглед, палетата Estée Lauder Bronze Goddess Azur нуди осум различни мат и сјајни нијанси за да ги нагласите очите на суптилен или драматичен начин.

- Реклама -

Избраните неутрални бои, бујните сини нијанси и луксузната металик создаваат волшебен изглед со мат и сјаен финиш за совршен летен изглед. Бисерниот хајлајтер во центарот на палетата им дава сјаен допир на образите и очите.

Сместени се во округла амбалажа со розово-златна боја и со тиркизни детали инспирирани од компасот. Сите нијанси од оваа палета можат да се надоградат за максимален ефект.