- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

MAC Fix+ Magic Radiance е спреј за фиксирање на шминка кој истовремено ја хидрира кожата.

Во мејкап заедницата општо е познато дека ниту еден мејкап изглед не е комплетен без легендарниот Fix+ спреј. Овој култен спреј ја фиксира шминката, но истовремено ја хидрира, освежува и ја смирува кожата. Сите веќе знаете за Fix+ Matte спрејот кој ја фиксира, матира, го намалува изгледот на порите и ја контролира секрецијата на себум.

MAC Fix+ product range

Mагија во спреј!

Fix+ Magic Radiance е како магија во спреј што ќе и даде хидратација и здрав сјај на кожата. Fix+ Magic Radiance во бекстејџот на модните писти беше креиран од Netta Szekely – сениор мејкап артист на брендот MAC. Целата идеја е да се постигне максимален резултат со минимален напор.

Хидратацијата обезбедена од Fix+ Magic Radiance трае цел ден благодарение на хијалуронската киселина, витаминот Ц и есенцијалните масла. Се нанесува пред шминката за хидриран и свеж тен или после шминката за здрав сјај и фиксирање на шминката.

- Реклама -

new Magic Radiance

MAC Fix+ Magic Radiance visual

Бјути трик со Fix+ Magic Radiance спрејот!

Покрај тоа, Netta има еден бјути трик што го користи во бекстејџот! Потопете памучен туфер со Fix+ Magic Radiance спрејот и со прстите поделете го на два дела. Така влажни, преполовените туфери оставете ги на кожата две минути за течноста да се впие во кожата и да направите брз третман со хидратација. Исто така, можете да го навлажнете вашиот бјути блендер и да тапкате на чисто лице за подобро да се апсорбира производот. Бидете креативни и испрскајте каде и да посакате за волшебни резултати, а феноменален е за нозете!

Magic Radiance

MAC Fix+ производите можете да ги најдете во продажното место на MAC во Скопје!

Fix+ Magic Radiance заедно со веќе постојните Fix+ спрејови можете да ги најдете единствено во продажното место на MAC во Скопје во Ист Гејт Мол.

MAC Fix+ Magic Radiance bottle MAC Fix+ Magic Radiance box