- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Byredo Mixed Emotions претставува мирисна скица на нашата моментална, колективна состојба на умот!

Нашата работа е да собираме емоции во шишенце. Се надевам дека луѓето читајќи ја етикетата ќе се пронајдат во овој сентимент и ќе пронајдат нешто подлабоко за поврзување: спротивставеност помеѓу познатото и непознатото“ – Ben Gorham основач и креативен директор на брендот Byredo.

Byredo Mixed Emotions visual 2

Мирис кој е кохезија во своите контрасти!

Mixed Emotions е мирис за секого, дизајниран да ја одразува бурната природа на модерното доба – сите подеми и падови, одразувајќи ја нестабилната реалност и светот во постојано движење. Истражувајќи на нехармоничноста, Mixed Emotions ги става на исто место познатото и неочекуваното како би создал мирис кој е кохезија во своите контрасти.

- Реклама -

Мирисна скица на колективната состојба на умот!

Потпирајќи се на филозофијата на Byredo за преведување на фрагментираните спомени и апстрактните идеи за мирис, Mixed Emotions претставува мирисна скица на нашата моментална, колективна состојба на умот. Удобните ноти на mate чајот и острата слаткост на црната рибизла се сместени во оквир на дрвенести тонови: смирувачкиот мирис на црн чај и листови од љубичица.

Во ред е да не се биде во ред!

Byredo Mixed Emotions е потсетник дека – ВО РЕД Е ДА НЕ СЕ БИДЕ ВО РЕД – и дека од вознемирувачките искуства може да настане нова реалност.