Новиот Juliette Has A Gun Pear Inc. можете да го набавите во парфимеријата Анабела Мериот!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Juliette has a gun (@juliettehasagun)

Мирис на дрскост што ве поткренува!

Парфемот на брендот Juliette Has A Gun, наречен Pear Inc. претставен е како „мирис на дрскост што ве поткренува“. Основачот на брендот Romano Ricci посака да го посвети парфемот на своето омилено овошје, топлите сончеви денови и доброто расположение.

Juliette Has A Gun Pear Inc miris na krusa

Создадов нов мирис размислувајќи за враќање на топлите сончеви денови и за моето омилено овошје, крушата. Се сеќавам како дете, забележав дека крушата во садот со овошје се истакнува во формата, дури и пред да ја гризнам. Плодот од круша ја гаси жедта, бидејќи се состои од 85 проценти вода, богата е со витамин Ц и поседува хидратантни својства, но сè уште ретко се користи во креирањето на парфемите. Pear Inc. е мојата визија за освежувачки мирис со гурмански додатоци. Овошен и мошусен мирис, интензивиран со амброксан и круша, како ветување за прекрасно лето“ – изјави Romano Ricci, основач на Juliette Has A Gun по повод промовирањето на новиот мирис.

- Реклама -

Pear Inc visual

Juliette Has A Gun Pear Inc miris na krusa koj ke ve raspolozi

Непослушен парфем кој веднаш ќе ве насмевне!

Pear Inc. е импровизиран ручек во градина, звук на смеа, водена бомба, прст натопен во тегла со џем. Pear Inc. е оној непослушен парфем кој веднаш ве насмевнува. На почетокот тоа е плод со мистериозни облини и заживувачки својства. Само еден залак од сочното овошје и лицето ќе ви заблеска, а на душата и е ветена вечна младост која ужива во забранетото. Компониран од круша, мошус и амброксан, Pear Inc. му оддава почит на овој неодолив плод со сончев вкус. Врвот на миризливата композиција е хармонија од зелена круша, во срцето амброксан, а во основата мошус.

Парфемот Juliette Has A Gun Pear Inc. доаѓа во шише од 100 мл.

Pear Inc bottle Pear Inc packge

- Реклама -

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име