Chanel денес се погрижи за најубавите бјути вести што можевме да ги слушнеме и меѓу првите ви ја претставувам новата лимитирана едиција од нејзините парфеми и мејкап производи, кои ќе бидат претставени за време на Божиќните празници, оваа зима.
Нов изглед во црвени стаклени шишенца, ќе ги возбуди колекционерите на парфеми!
Откриено е едно од најголемите изненадувања – оригиналниот N°5 Parfum и двата миризливи наследници на славната Chanel петка – N°5 L’EAU Eau de Toilette и N°5 Eau de Parfum, добија нов изглед во црвени стаклени шишенца кои без сомнение ќе ги возбуди вистинските колекционери на парфеми.
Црвената боја го забрзува срцето на Chanel N°5 парфемот и му дава ритам и живост!
За прв пат во историјата на Chanel, легендарното проѕирно стаклено шишенце, дизајнирано лично од Mademoiselle Chanel, се појавува во ова ново издание во екстравагантна црвена боја. Постојат неколку причини зошто е избрана оваа боја за празничната трансформација на овие мириси. За црвената боја Coco тврдеше дека е боја на крвта и воедно боја на животот, која го забрзува срцето на N°5 парфемот и тоа му дава ритам и живост. Денес Chanel модната куќа ја избра црвената за овој безвременски женски парфем, што ја одразува бескомпромисната природа на легендарната дизајнерка.
Црвено ексклузивно Baccarat стаклено шишенце наменето за колекционери!
Единствена лимитирана колекција вклучува N°5 L’EAU Eau de Toilette и N°5 Eau de Parfum од 100 мл мириси во црвени стаклени шишенца и иконичниот N°5 Parfum од 900 мл од црвенo Baccarat стакло наменето за колекционери.