Парфемската приказна со потпис на брендот Chloé има мирисно продолжение: Chloé L’EAU. Се работи за парфем кој како што велат од овој луксузен бренд е наменет за жени со слободен дух.
Засилен со живописна магнолија!
Парфемот кој е создаден во 2008 година од парфимерот Michel Almairac е засилен со живописна магнолија. Мирисните ноти од јасмин се вклопуваат во ботаничкото богатство на дабова мов и се создава цветен мирис со уникатна свежина, проникнат со вечна елеганција.
Шишенцето ја открива освежувачката розова боја на парфемот!
Парфемското шишенце на новиот Chloé L’EAU мирис ја задржува својата култна силуета, при што прекрасното шишенце открива освежувачка розова боја на парфемот, а последниот „допир“ на дизајнот е создаден со рачно врзаната лента во идентична боја, што е потпис на луксузниот бренд Chloé.
Заштитно лице на новиот Chloé L’EAU парфем е актерката Haley Bennet.