- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Маските за лице се еден од омилените и повеќекратно користени производи за нега на кожата – тие решаваат специфични проблеми, но во исто време делуваат релаксирачки и ви даваат SPA искуство во вашиот дом. Сепак, многумина од вас прават некои грешки со маските за лице кои влијаат на целокупното дејство и крајниот резултат! Во продолжение ќе дознаете кои се тие грешки!

Маски за лице: Дали правите некоја од овие грешки?

#1 Не го земате во предвид вашиот тип на кожа!

Кремот за лице и средството за чистење на кожата сигурно го избирате според вашиот тип на кожа, затоа тоа мора да го направите и со маските за лице. На пример, ако имате сува кожа, побарајте навлажнувачки маски, а доколку имате масна кожа, маските за чистење со глина се подобар избор. Затоа, не ги избирајте маските според добрите критики и препораките од вашите пријателки, но исклучиво според типот на вашата кожа!

#2 Не го чистите лицето пред да ја нанесете маската!

Општо, сите маски се нанесуваат на исчистена и сува кожа, затоа чистењето на кожата е неопходен чекор пред да ја нанесете маската. Кога ќе го измиете лицето, отстранете го вишокот на вода. Ако не го исчистите лицето, маската ќе ја нанесете на слој од бактерии и нечистотии.

- Реклама -

#3 Не ги миете рацете пред да ја нанесете маската!

Важно е да ја исчистите кожата пред да ја нанесете маската, а кога станува збор за вашите раце? Тие мора да бидат чисти, затоа што не сакате да пренесете бактерии и маснотии од прстите на лицето. Одлична идеја за хигиенски начин за нанесување на маска е со рамна синтетичка четка за пудра!

#4 Заборавате да нанесете крем после маската!

Со отстранување или измивање на маската од лицето, негата не е завршена! Задолжителен чекор после секоја маска, освен за leave-in ноќните маски во форма на крем е да нанесете навлажнувачки крем, во спротивно вашата кожа ќе биде сува. Откако ќе ја измиете маската, нанесете го омилениот дневен или ноќен крем, во зависност од времето.

#5 Користите маската само во текот на денот!

Лесно е да се претпостави дека мора да бидете будни за да користите маска за лице, но тоа не е случај! Секако, не треба да заспивате додека носите глинена маска на лицето, но постојат специјално формулирани ноќни маски кои се предвидени да стојат на лицето цела ноќ и да работат за вас додека спиете. Таквите маски секогаш се во форма на богат крем или гел што се нанесува на кожата пред спиење.

#6 Заборавате да ги користите редовно!

Добрата вест е дека маските за лице не се нешто што е резервирано само за специјални прилики! Вашиот тен може да има голема корист од редовното користење на маски! За повеќето маски за лице, се препорачува да се користат 1-2 пати неделно, а навлажнувачките може и почесто!

#7 Премногу долго ја оставате маската на кожата!

Сигурно знаете дека лесно може да се заборавите кога ја носите маската на лицето, но тоа не значи дека маската подобро ќе „работи“ ако ја оставите подолго. Секогаш следете ги упатствата на пакувањето кога станува збор за тајмингот. Добар совет е да поставите аларм што ќе ве потсети кога е време да ја исплакнете маската!