Creed парфеми кои никого нема да го остават рамнодушен!

Најстариот и веројатно најтаинствениот парфемски бренд House of Creed е основан во Лондон пред 250 години, поточно во 1760 година. House of Creed е луксузен парфемски niche бренд со седиште во Париз, првично основан во Англија од James Henry Creed. Вредно е да се истакне дека компанијата се пренесува во фамилијата Creed веќе 7 генерации. Луксузниот парфемски бренд House of Creed познат е по својата техника на обработување и изборот на природни материјали со највисок квалитет.

James Henry Creed

Долга историја и огромна листа на славни клиенти!

House of Creed е познат по својата долга историја, но пред се по огромната листа на славни клиенти, како што се членови на кралски и претседателски семејства од кралицата Victoria до Winston Churchill. Славните личности како Robbie Williams, Roger Moore, Sean Connery го користеле Green Irish Tweed, актерката Sofía Vergara го обожава омилениот парфем Jardin D’amalfi, Joan Collins не може да се одвои од Jasmin Imperatrice Eugenie, додека Love in White им дава свежина и карактер на моќните дами Michelle Obama и Angelina Jolie. Омилен мирис на славниот пејач Ricky Martin е Creed Silver Mountain Water.

Olivier Creed

Се она што не е денешната парфемска индустрија! Тоа е House of Creed

House of Creed е се она што не е денешната парфемска индустрија! Причината за довербата, вниманието и интересот кој владее за брендот Creed е тоа што ги игнорира сите модерни текови во индустријата на парфеми. Брендот не се рекламира и не ангажира славни личности за промоции!

- Реклама -

Амбалажата на парфемите е модерна верзија на историското наследство!

Creed парфемите, машките, женските и унисекс изданијата се спакувани во елегантни шишиња кои претставуваат модерна верзија на историското наследство. House of Creed олицетворува уметност во правење на парфеми со апсолутен луксуз и безвременост.

Erwin Creed

Green Irish Tweed

Green Irish Tweed е дрвенесто-цветен и мошусен мирис за мажи од 1985 година и еден е од најпознатите парфеми на брендот House of Creed.

Aventus

Aventus е овошен мирис за мажи, лансиран во 2010 година. Инспириран е од животот на Napoleon Bonaparte и ја рефлектира енергијата од неговиот живот: упорност, воинственост и љубов.

Love in White

Love in White е свеж, женствен мирис со млечни и цветни акорди, креиран од Olivier Creed парфемски дизајнер од шестата генерација и Erwin Creed кој е претставник на седмата генерација на парфимери на фамилијарниот бренд Creed.

Парфемот е инспириран од патувањата на Olivier Creed и создаден е од состојките кои ги собирал во текот на неговото патување на пет континенти. Ароматичната композиција на Love in White се отвара со акорди на портокали од шпанскиот југ, а во срцето доминираат ноти од ориз, египетски ирис, јасмин од италијанската морска ривиера, нарцис од Франција, магнолија од планините во Гватемала и бугарска ружа. Основата ја сочинуваат ванила, калабриски килибар и индиско сандалово дрво.

Love in White ја одразува љубовта кон патувањата, чувството на слобода и хармонија.

House of Creed во Македонија?

House of Creed парфемите ексклузивно можете да ги набавите во Anabella парфимерија во центарот на Скопје до хотелот Мериот.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име