Les Belles de Nina – Nina Extra Rouge

Во 2006 година Nina Ricci се прослави со женскиот парфем Nina, цитрусно-цветен мирис со гурмански акценти во прекрасно шишенце во облик на јаболко. Во 2019 година беше претставено Nina Rouge изданието како дел од Les Belles de Nina парфемската линија.

Nina Extra Rouge poster

Нов поинтензивен мирис!

Со најновото издание наречено Nina Extra Rouge креативните директори на модната куќа Nina Ricci, Rushemy Botter и Lisi Herrebrugh сакаа да ја претстават интензивно-црвената боја како израз на индивидуалност во новиот поинтензивен мирис.

Extra Rouge landscape

- Реклама -

Интензивно гурмански и цветен мирис!

Опишан како интензивно гурмански и цветен мирис, новиот Nina се отвора со зелена горна нота од црна рибизла што ја истакнува киселата свежина на малина и горко-слаткиот грејпфрут. Нотите во срцето ги мешаат мирисите на пупки од роза со лесно зачинети ноти на чај, додека во основата се слатките ноти на ванила и пралина.

Шише во кадифено црвена боја!

Шишенцето на Extra Rouge, исто така е во форма на јаболко, но облечено од глава до пети со кадифено црвена боја.

Nina Extra Rouge bottled

Заштитно лице – Estella Boersma

Холандскиот модел Estella Boersma е заштитно лице на рекламната кампања.

Les Belles de Nina – Nina Extra Rouge е достапен во шишенца од 30, 50 и 80 мл, како Eau de Parfum.

Estella Boersma

Estella Boersma with new Nina

- Реклама -

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име