- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Без разлика дали користите Eau de Parfum (EDP) или Eau de Toilette (EDT), мирисот што ќе го изберете секогаш кажува нешто лично за вас. Честопати мирисите ги поврзуваме со одреден период од нашите животи, луѓе или некои емоции. Можеби некој мирис никогаш нема да го изберете за себе, но бидејќи ве потсетува на вашата мајка, баба или најдобрата пријателка, сепак може да ви прирасне на вашето срце. Кога нешто ви буди убави спомени тешко е да се одолее, а тоа е случај и со мирисите.

Основни разлики помеѓу Eau de Toilette и Eau de Parfum!

Сигурно знаете да наведете неколку основни мирисни ноти на вашиот парфем, но многумина остануваат збунети ако треба точно да ја опишат разликата помеѓу овие две главни категории на мириси. Разликата помеѓу формулите на Eau de Parfum (EDP) и Eau de Toilette (EDT) всушност е многу јасна и едноставна, а се сведува на концентрацијата на мирисот. Концентрацијата на Eau de Toilette мирисот е помеѓу 8 и 12 проценти, додека концентрацијата на Eau de Parfum мирисот е помеѓу 12 и 18 проценти, но сепак таа може да варира од бренд до бренд… Но, едно е сигурно, без оглед на тоа што концентрацијата на мирисот варира во зависност од производот или брендот, EDP секогаш ќе биде поконцентрирана верзија од EDT и тоа ќе резултира со подолго ароматично траење.

Дали имаат ист мирис?

Eau de Parfum и Eau de Toilette со исто име и бренд честопати немаат потполно ист мирис, дури и ако тоа е наведено на пакувањето. Брендовите ги прилагодуваат своите формули за различни концентрации на исти мирисни ноти. Честопати EDP не е само поконцентрирана верзија на EDT, туку е целосно ново толкување на оригиналното издание на мирисот. Тоа му дава сосема поинаква димензија на мирисот. Ова е причината зошто парфемите и тоалетите води не секогаш се заменливи.

- Реклама -

Често Eau de Toilette е малку полесна и посвежа верзија, додека Eau de Parfum е побогат и потрајен. За дневна употреба EDT е поудобна и поприкладна верзија на вашиот омилен мирис, додека EDP нуди поголема длабочина, што е посоодветно за вечерните часови. Важно е да ги земете во предвид температурата и годишното време, бидејќи штом надвор е потопло и поголема е концентрацијата на влага во воздухот, препорачливо е да користите EDT, додека за време на постудените периоди од годината, подобро е да користите EDP, затоа што може да ви понуди поголема топлина и длабочина.

Пред да го набавите следниот мирис, тестирајте ги двете верзии. Обрнете внимание на тоа во кое време од денот, годишно време и во кое опкружување ќе го носите тој мирис, затоа што сето тоа игра многу важна улога.