Новата верзија на омиленото гурманско издание La Vie Est Belle доаѓа во нова живописна облека, фаворизирајќи ги „црвените ноти“ кои создаваат страствен ефект. Убавината на моментот е пренесена преку нова комбинација на цвеќиња, овошје и дрвенести ноти, енергично како чувството на среќа.
Нотите на првенецот La Vie Est Belle комбинирани на нов – изненадувачки начин!
Новото издание на Lancôme La Vie Est Belle Intensément ги позајмува нотите од успешниот првенец, комбинирајќи ги на нов, изненадувачки начин. Отворањето на мирисот е поклонето на бергамот, енергичен розов бибер и слатки малини кои не водат кон цветното срце од јасмин, цвет од портокал омекнат со ванила аромите на хелиотроп – крвав камен. Основата комбинира црвен ирис со ванила, пачули, сандалово дрво и топол бензоин.
Актерката Julia Roberts во розов фустан како лице на парфемот!
Lancôme La Vie Est Belle Intensément се рекламира од актерката Julia Roberts, која овој пат носи розов фустан. Шишето од новата верзија го позајмува обликот на неговите претходници, со темна боја на течноста која е со потемна розова нијанса од претходните изданија, со иста нијанса на машна околу вратот на шишето.
Мирисот La Vie Est Belle Intensément е достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum Intense.