Девојка која ги привлекува погледите на присутните, девојка од милион долари. Совршено впечатлива девојка која го носи парфемот, таа едноставно зрачи, доминира и поседува бестрашен карактер со неверојатна сензуалност. Таа е Lady Million девојка!

Не станува збор за заведување, станува збор за шокирање!

“Кога се работи за креативност никогаш не станува збор за заведување, станува збор за шокирање. Пробувам да создадам моќни моменти затоа што единствено емоциите ја кажуваат вистината„ – Paco Rabanne

Сите лица на раскошот на Lady Million!

Додека изгледот дава впечаток на луксуз и богатство, мирисот наговестува изненадувачка композиција, сплет од цветни, свежи и дрвенести ноти. Моќно заводлив, акорд на горчлив портокал во придружба на малина се открива во првиот здив, проследен со експлозија на чист нероли. Со опојна сладост како смртоносно оружје, заводливо настапуваат мирисните ноти на цветот од портокал. Неговата неодолива сладост маѓепсува и го одзема вниманието. Присуството на јасмин ја возвишува мешавината во нешто божествено, но сепак суптилно. Опсесивното пулсирање на пачулито настапува и доаѓа до израз во композицијата правејќи простор за страшно предизвикувачката сладост на медот. Амберот се распространува и ја обвива целата убавина, следејќи ја во секој чекор, покажувајќи ги сите лица на раскошот на Lady Million.

- Реклама -