Маскарата Vinyl Couture на Yves Saint Laurent по лансирањето се стекна со култен статус, а новата подобрена формула сега доаѓа во 6 впечатливи нијанси. Обожавателите во целиот свет се воодушевени од оваа маскара.

6 смели бои на маскари, 6 нови додатоци за креирање ефекти на очите!

Неодоливата палета на бои за трепки, маскарата Vinyl Couture навистина ја прават без конкуренција. Нејзината течна и проѕирна база овозможува впивање на густиот слој пигментирана боја, поради што се отсликува формулата со висок сјај. Во комбинација со восочни микро честички, технологијата на течни кристали дава елегантен и блескав финиш. Софистицирана, но сепак по малку дрска… идеална за жени кои сакаат да си играат со бои.

Што гледаш… Тоа и добиваш!

Пакувањето на маскарата Vinyl Couture  во облик на квадрат со златно капаче со црно лого YSL е привлечно и елегантно. По нанесување на трепките, бојата е идентична со онаа во пакувањето. Ексклузивна, патентирана заштитена четкичка ги исчешлува и извиткува трепките, давајќи им раскошен волумен. Благодарение на заоблениот врв, дури и најкратките трепки ги опфаќа со само едно нанесување боја. Беспрекорен финиш без исклучоци.

“Винилен” финиш, креирајте впечатлив или дискретен изглед. Препуштете се и опуштите се!

Моќна, разиграна и драматична, макскарата Vinyl Couture доаѓа во шест нијанси, од кои секоја има своја приказна.

- Реклама -

Комбинирајте ја со сенка за очи – розовите и сини нијанси не враќаат во 1980-те. Поиграјте се со нијанси на сенки на горните и долни капаци во комбинација со сина и розова или зелена и вино-боја или креирајте софистициран smokey eyes со винилен финиш со класичната рокерско-црна маскара.

Во комбинација со туш за очи ќе добиете прецизно дефиниран, графички впечатлив изглед кој можете да го направите уште подраматичен ако се одлучите за невообичаена комбинација на бои. Нагласете ја црната маскара Vinyl Couture со син туш за очи или пак за поделикатен финиш розова фуксија боја на маскара со црн туш.

Испробајте ја во комбинација со молив за очи – прецизно-суптилно исцртани очи со деликатни и впечатливи нијанси, како вино боја и интензивно зелена, кои ќе овозможат на вашите очи да изгледаат посјајно и отворено. За statement look, нанесете сина маскара, розова или вино боја и на веѓите! Креирајте рокерски имиџ со интензивно црната нијанса или нанесете уште еден слој од златната нијанса за совршен, суптилен сјај.