Бидете подготвени да ја искусите волшебната светлина со новиот Boss The Scent For Her Eau de Toilette: новата заводлива тоалетна вода од Boss Parfums. Лесен и пријатен, но сепак моќен, нежен, но успокојувачки, овој мирис ја охрабрува Boss жената да ги открие скриените страни од нејзината личност. Мирисот се развива со интригантна привлечност. Тој поттикнува инстантна привлечност помеѓу неа и нејзиниот машки партнер како што се доближуваат еден до друг. Смирувачката суштина на мирисот нуди неодолива моќ која само таа може да ја контролира: нејзината женственост.
Елегантен!
Boss The Scent тоалетната вода се отвора со ноти на блескавиот розов бибер и зелена мандарина. Нагласувајќи ја чистата, но сепак богата убавина на пролетта, нотите ја рефлектираат двојноста на Boss жената. Силна, но сепак нежна. Моќна и женствена. Примамлива комбинација која ја поттикнува првичната привлечност како што започнува патот на заведувањето.
Женствен!
Карактеристичниот потпис на срцевината на оригиналниот мирис е зачувана. Но, овојпат неспорно прекрасната срцевина од цветот фрезија и цветот од портокал, придонесуваат за цветната страна на мирисот. Канејќи ги жените да ја прифатат нивната нежна страна, комплексноста на мирисот се развива. Како што се развива неговата неверојатна елеганција, таа ја изложува силата на нејзината сензуалност.
Привлечен!
Со возбудлива и страстна афродизијачка основа составена од темно печено какао, мирисот има несомнена привлечност. Елегантен. Женствен. Привлечен. Тој дава поддршка која навлекува и која буди внимание кај сите. Таа е маѓепсана. Таа се доближува се повеќе и повеќе и дејствува според нејзините желби.
Шишенце!
Boss The Scent тоалетната вода за жени е претставена во чисто стаклено шишенце. Со капаче во розово-златна боја и розово-златно лого, новото шишенце е обележје на ведрината на мирисот. Спакуван во кутија со женствена розова боја, силуетата на мирисот се истакнува во светло розова нијанса која придонесува за неговиот луксузен изглед.