За да бидете убави, треба да се грижите за себе. Оваа визија за убавина е камен-темелник на која почиваат вредностите на компанијата Lancôme од нејзиното основање, но во исто време Lancôme ја презентира визијата која милениумската генерација веќе целосно ја има прифатено. За претставничките на поубавиот пол на оваа генерација, убавината не е толку прашање на сопствениот изглед, колку што претставува нешто што најмногу зависи од нивниот начин на живот. Ова е причината зошто тие секогаш, имаат се повеќе и повеќе очекувања од нивните мејкап производи. Многу активни, полни со енергија, моќни и со големи барања, нив за убавината потребни им се секојдневни сојузници – нешто што е неизбежно во нивната колекција за убавина, но нешто што ги обединува врвни перформанси со лесно нанесување, воедно грижејќи се за нивната кожа.

Lancôme Skin Feels Good тонирана крема!

Со оглед на тоа што доаѓа од новата генерација на хибридни производи кои комбинираат нега на кожата и мејкап, вашиот сојузник во потрага за совршен тен е тонираната крема од Lancôme, Skin Feels Good. Истовремено нуди прекрасен сјај и дополнителна хидратација. Нејзината формула го подобрува тенот на лицето во две фази:

Моментално, со природна чиста покривност која уникатно го подобрува сјајот на лицето,

На долг рок, благодарение на сопствената комбинација на навлажнувачки и антиоксидантни состојки за убав и здрав тен.

- Реклама -

Шминкањето достигнува еден нов хоризонт со состојките за нега на кожата!

За совршена основа, нанесете прајмер на вашата кожа за пополнување на порите. Почнувајќи од средината на лицето, нанесете на кожата од тонираната крема Skin Feels Good и блендирајте на целото лице со мејкап блендер. За повеќе покривност, додадете повеќе на проблематични места. Нанесете дополнително коректор каде што е потребно да ги прекриете поголемите недостатоци на кожата.

Skin Feels Good може да се нанеси со прсти, без потреба за огледало, дури кога сте во движење. Толку е практична што многу брзо ќе откриете дека е по ваша мерка – без разлика дали секојдневно или повремено ја нанесувате, самостојно или како мејкап база. Шминкањето достигнува еден нов хоризонт со состојките за нега на кожата кои се застапени во оваа формула, кои лицето го прават моментално со непогрешлив засилен сјај!

Skin Feels Good посебно погоден избор е за оние жени кои никогаш немаат доволно време да се посветат на шминкањето, но и за оние кои не можат без посакуваниот сјај на тенот на лицето… но, истовремено апсолутно е совршена за да се постигне природен изглед, како да немате шминка на лицето, изглед што секоја жена сака да постигне во одреден период од живот.

Формула која негува!

Skin Feels Good ја сака кожата и навистина максимално се грижа за неа. Тајната на нејзината ефикасност лежи во состојките за нега на кожата од најнова технологија, кои се грижат за квалитетот на кожата, давајќи и дополнителна хидратација, дури и по отстранување на шминката. Ова е причина зошто овој производ го дарува оној долготраен сјај што едноставно зрачи со здравје.

Хербален глицерин + хијалуронска киселина + природен екстракт на moringa = Прекрасен сјај за секој ден, подарен од Skin Feels Good!

Главниот лик во процесот на хидратација е хербалниот глицерин кој делува како “магнет кој ја привлекува влагата”, обезбедувајќи на кожата дополнителна влажност.

Хијалуронската киселина ја собира и задржува влагата во самата кожа, за да биде убава од ден на ден.

Природен екстракт од moringa делува како штит, штитејќи ја кожата преку своите антиоксидантни својства и цело време одржувајќи го сјајот.

SPF 23 помага да се заштити кожата од можни оштетувања поради изложеноста на сонце.

Резултат од користење!

Покрај тоа, благодарение на својата нова и исклучително пријатна текстура, Skin Feels Good дава пријатно чувство веднаш по нанесувањето!

Резултатот е: потребни се само пет дена континуирана употреба за да се постигне транспарентен и здрав сјај, кожата ќе биде за 50% повеќе хидрирана и свежа и вашиот тен посветол од било кога.