Модниот дизајнер Narciso Rodriguez стана познат во светот на парфемите со неговиот прв мирис – Narciso Rodriguez For Her од 2003 година. Зрелоста ја постигна со мирисната композиција на сензуален мошус кој го разубавуваа – Narciso Eau de Parfum.

„Сакав да создадам екстремно секси мирис кој ќе ја заврти главата на секој маж“ изјавува дизајнерот, но надополнува „Сензуалноста станува малку повеќе секси, малку повеќе опојна“

Заносен мирис со сензуална и елегантна трага!

Narciso Eau de Parfum ја дефинира сензуалноста со елеганција. Доминантните дрвенести ноти ги пресретнуваат белите цветови во нежна и женствена елеганција. Топлата мошусова срцевина преставува симболичен потпис на мирисот. Narciso Eau de Parfum е заносен мирис со сензуална и елегантна трага.

Шишето е едноставно, квадратно, млечно бело со логото испечатено со црни букви. Заштитно лице на парфемот е моделот Raquel Zimmermann.

Достапен е во 30, 50 и 90 мл. како Eau de Parfum. Парфемот го создал Aurelien Guichard.

- Реклама -