- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Мирисната колекција White Tea на брендот за убавина Elizabeth Arden беше покрената со првото издание на White Tea, кое за кратко време стекна огромна популарност. Неговата освежувачка и ароматична структура инспирираше многу љубители на брендот Arden, создавајќи релаксација, спа-ефект, чистота и софистицирана елеганција. После првиот мирис White Tea беа лансирани уште две изданија: White Tea Vanilla Orchid и White Tea Wild Rose, поклонувајќи го стилот од првото издание, но формулирани на нови, малку поинакви начини.

White Tea Mandarin Blossom го зачувува ароматичниот карактер на колекцијата!

Новиот White Tea Mandarin Blossom во парфимериите пристигнува како четврта креација која го слави белиот чај и ароматичниот карактер на колекцијата. Мирисната композиција е нежна, женствена, цветна, цитрусна, дрвенеста и кремасто мошусна.

Мирис на морето на топла исончана кожа!

Како што наведуваат од брендот, новиот мирис White Tea Mandarin Blossom го задржува мирисот на морето на топла исончана кожа. Сензуалното задоволство на слатките пупки од портокал е во контраст со острината и сјајноста на Медитеранот.

- Реклама -

Мирисна композиција со медитеранскиот шмек!

Високите ноти на композицијата се фокусирани на цитруси: мандарина, портокал и лимон – алудирајќи на медитеранскиот шмек, деликатно засладени со егзотични плодови. Во срцето доминираат цветови: нероли и цвет од портокал, заедно нијансирани со јасмин и интензивна арома на бел чај. Кремастиот траг е составен од мошус, кедар и ambroxan, сите засладени со цветни нијанси на osmanthus.

White Tea Mandarin Blossom доаѓа во иста форма на шишенцето како претходните изданија на колекцијата White Tea во количина од 100 мл, како Eau de Toilette.