- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Знаеме дека со одењето во козметички салон, вие заштедувате време во брзото и стресно секојдневие и многу е полесно кога имате стручњак за козметика кој барем еднаш месечно  ќе се погрижи за потребите на вашата кожа. Сепак, сега кога е препорачливо да бидете дома и кога имате премногу слободно време, посветете се на нега на вашата кожа во домашни услови. Негата на кожата може да биде едноставна и многу ефикасна и надвор од салоните за убавина, а во продолжение ви откривам како:

Влијанието на затворениот простор на кожата!

Затворениот простор влијае на изгледот на кожата на лицето. Греењето во вашиот стан или куќа го суши воздухот во просторијата, а со тоа и вашата кожа. Ако забележите дека вашето лице добива сива нијанса и изгледа без сјај, а усните се суви исто како во лето, тоа се првите знаци дека е потребна дополнителна нега на кожата.

Чистење на лицето!

Некористењето на шминка во овој период не значи дека треба да ја занемарите хигиената на лицето, туку напротив, тоа ви дава можност да се посветите повеќе и на вистински начин. За почеток, не заборавајте да го исчистите лицето наутро и навечер, затоа што и покрај тоа што не користите шминка на лицето се собира целата нечистотија и изумрените клетки од кожата.

Негата на кожата започнува со соодветно чистење. За чистење на лицето, најдобро е да имате мицеларна вода што е соодветна за вашиот тип кожа и која најдобро и најефикасно ќе ги исчисти сите нечистотии од вашето лице.

- Реклама -

Ако немате мицеларна вода, не очајувајте, бидејќи лицето можете да го исчистите со миење, користејќи топла вода и некој pH неутрален производ, кој ќе биде нежен за вашата кожа. Ова го потенцирам затоа што повеќето сапуни се прилично агресивни за кожата на лицето и можат да го исушат уште повеќе и да предизвикаат проблеми со кожата.

По миењето, не заборавајте да го исчистите лицето со посебен пешкир што не го користите за да ги избришете рацете, со нежно тапкање по кожата за да ја соберете целата вода. Не е добра идеја да го оставите лицето само да се исуши, бидејќи со тоа само ќе ја исушите кожата уште повеќе.

Пилинг на лицето!

Пилинзите за лице што се прават во козметичките салони обично се хемиски пилинзи, кои само стручни лица може да ги изведуваат, затоа што ако не се направат правилно, тие можат да бидат многу агресивни на кожата и да предизвикаат несакани реакции. Затоа, пилинг на лицето во домашна атмосфера со помош на производи што веројатно ги имате во вашиот дом е повеќе од пожелно и безбедно.

Ако имате исклучително сува кожа, ви предлагам да избегнувате пилинг со гранули, односно оние што содржат зрна од шеќер, ситни семки, кафе и да користите течни пилинзи. Се препорачува пилинг на лицето да се прави еднаш неделно, бидејќи премногу често пилингување може да ја направи кожата преосетлива.

Парење на лицето!

Парењето на лицето е третман за нега во домашни услови, што препорачувам да го воведете во вашата бјути рутина најмалку еднаш неделно. Овој третман го обожаваа вашите мајки и баби, а кога ќе се убедите во неговата ефикасност и вие ќе го обожавате. Со него длабоко ќе ги исчистите порите и ќе го омекнете површинскиот слој на кожата, додека на другите сетила ќе им одговара есенцијата од билките со која помош ќе го направите овој третман.

Нега на усните!

Нега на кожата исто така вклучува и нега на усните. Усните исто како и лицето на собна температура склони се кон сушење, затоа морате да ги негувате на ист начин. Усните секогаш можете да ги пилингувате со помош на шеќер и мед. Направете мешавина од кристален шеќер и мед, нанесете на усните и нежно тријте со прстите. Шеќерот успешно ќе го отстрани мртвиот слој на кожа од нив, додека медот дополнително ќе ги хидрира усните.

Дополнителен совет!

Зголемете го внесот на витамини А и Б, особено витамин Б2, кој се наоѓа во зелениот лиснат зеленчук, житарките и млечните производи и не заборавајте да пиете големи количини на вода и да го одржувате внесот на вода константно за да спречите дехидрираност на телото, но и на својата кожа. Не заборавајте на проветрување на просториите, бидејќи тоа ќе придонесе за помалку сушење на кожата на лицето и усните.