Мирисите за мажи кои се нудат во повеќе концентрации се вистинска реткост. Bleu de Chanel е токму тоа. Од Eau de Toilette создаден во 2010 година, креиран од Jacques Polge, преку Eau de Parfum од 2014 година, Bleu de Chanel сега влегува во неистражената територија на парфемите.

Парфем создаден за оние кои немаат желба да бидат како некој друг!

Bleu de Chanel парфемот создаден е од Olivie Polge, парфимер и креатор кој избра да ја разбуди ведрината и интензитетот што постепено го исполнува просторот со неверојатно отмено присуство. Создаден е за оние кои одбиваат да се прилагодат на стереотипите, за оние кои веруваат во нивната моќ и кои немаат желба да бидат како некој друг.

Мораше да избегнуваме повторување на она што веќе е направено!

“Тешкотијата беше да се постави соодветен мирисен тон кој ќе го пренесе она што треба да биде – парфем за мажи. Едноставно мораше да избегнуваме повторување на она што веќе е направено. Интензитет и нежност може да се изразат без да се направи мирисен пунч. Затоа сакав да дадам повеќе простор на сандаловината, да се соедини со кедарот и свежите ноти” – вели Olivie.

- Реклама -

Bleu de Chanel од пред осум години го шири мирисот на кедар!

Првата верзија на Bleu de Chanel од пред осум години го шири мирисот на кедар, давајќи му сув трепет и свежина на борова шума во жарот на летото. Вертикалната композиција, возвишена и безгрижна, издишува со горчината на грејпфрутот и сувоста на ветиверот.

Eau de Parfum верзијата открива нов тип кедар!

Во 2014 година, Bleu de Chanel Eau de Parfum верзијата открива нов тип кедар. Единствената мирисна ткаенина од првиот опус беше потопена во килибарни и мошусни ноти. Шумот од сандаловото дрво можеше да се чуе во позадина, но килибарната нота и тонка зрната се нешто што ја нагласува сензуалноста на кедарот.

Bleu de Chanel како парфем!

Во 2018 година, новата верзија Bleu de Chanel како парфем, ги прилагодува пропорциите на дрвенестите и цитрусните ноти од претходните две мирисни интерпретации. Моментално препознатливиот печат на мирисот, тетовиран на кожата со истите водечки ноти, со освежувачки налет на лаванда и гераниум. Кедарот брзо пулсира во срцето на мирисот, минувајќи низ него како корен низ земјата што се искачува кон небото. Потоа, другата дрвенеста нота ја презема улогата нежно обвиткана околу кедарот, наоѓајќи го својот пат до површината и пулсирајќи со сета своја моќ. Оваа кремаста, млечна, заводлива сандаловина од Нова Каледонија е редок вид, заштитен делумно од Chanel преку нивниот добавувач. Преработена и ослободена од се што е непотребно, оваа сандаловина ја комбинира силата со нежен допир за да создаде целосен, поинтензивен траг, но сепак ја нагласува деликатноста. Прекрасната енергија не можете да ја разберете додека не ја доживеете!

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име