- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Yves Saint Laurent Beauté со гордост го претстави L’Homme Le Parfum. Како богата мешавина на килибарни дрвенести ноти и кедар, Le Parfum претставува врвен израз на природна машкост отелотворена во вистинскиот L’Homme.

L’Homme – најпродавана мирисна линија!

Новиот мирис се придружува на најпродаваната мирисна линија, започната во 2006 година, обележана со епохалниот L’Homme EDT, современа визија за мажот од 21 век со сите свои карактеристики. Овој мирис ги комбинира острите метални ноти со нежниот лист на љубичица и сензуалното растение тонка со моќните дрвенести акорди.

Овој нов препознатлив мирис обезбедува елеганција и угладеност на мирисот за ден, додека La Nuit de L’Homme Le Parfum е најтемната и најзаводливата верзија на сензуални зачини и килибарни ноти содржани во La Nuit de L’Homme EDT.

- Реклама -

Мешавина од опуштени урбани и нежно заводливи дрвенести ноти!

Збогатен со разни видови на интензивни природни есенции и молекули со силно влијание, Le Parfum е најчистиот израз на мирисливиот потпис на L’Homme линијата – интересна мешавина од опуштени урбани и нежно заводливи дрвенести ноти.

Неизбришлива трага на мирисот!

Шишето на L’Homme Le Parfum поприма нова боја – суптилна нијанса на интензивно темно сина, што ја евоцира неизбришливата моќ на мастилото – соодветна метафора за неизбришливата трага на мирисот.

А каков маж е L’Homme?

Дали тој ќе биде заводник или заведуван? Харизматичен и привлечен, L’Homme дефинитивно е маж за кој вреди да се потрудиш.

Недопирлив заводник со „вибра“ на лошо момче, што само ја засилува неговата внатрешна неодолива привлечност…

Новозеландскиот модел Vinnie Woolston повторно стана ноншалантен, заводлив амбасадор на мирисна икона Yves Saint Laurent.