- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Интензивен и вибрантен, тоа е Armani Code Profumo парфем за мажи кој не воведува во светот каде уметноста на заведување е стил на животот. Ги буди сетилата, освојува и ја подигнува атмосферата.

Chris Pine еден од најпознатите заводливи млади американски актери!

Armani пријатно ме изненади со новини во видео рекламата со користење на технички поделени екрани. Телевизиската кампања за Armani Code Profumo е присутна и на социјалните мрежи со други ексклузивни дигитални видео ефекти за Armani Code. Заштитното лице Chris Pine, еден од најпознатите заводливи млади американски актери му даде нова вибрација на парфемот. Но, тоа не е се. Со поместување на глувчето по екранот може да се истражуваат сите детали за забава во друштво на Chris Pine.

Code Profumo е најсјајната ѕвезда од линијата Armani Code, кој според тврдењето на модниот бренд Armani е инспириран од совршената елеганција на оделата на Armani кои се непогрешен избор за возбудливи вечерни излегувања. Code Profumo одржува возбудлива игра на заведување помеѓу маж и жена.

Експлозивна вибрација!

Armani Code Profumo зрачи силна, вистинска мажественост. Светлината се прелива од транспарентна до бисерна. Мирисот се отвора со ноти на зелена мандарина во комбинација со свежо зелено јаболко и кардамом. Тие се придружени со ароматични ноти на лаванда и есенција на морско оревче, збогатено со свежа и блескава портокалова боја во срцето на парфемот. Апсолут зрно грав во комбинација со тутун нежно ги обвиткува дрвенестите акорди со допир на килибар. Богатите ноти од кожа со пепел дивузе се помешани во комбинација со слатка пралина.

Спојувањето на мирисот со кожата е речиси необјасниво. Возбудата расте…

- Реклама -

Шишенцето… Исто, но различно!

Шишето на прв поглед е со истиот препознатлив дизајн како кај легендарниот предходник Armani Code. За Code Profumo е користено подебело стакло, со цел да се постигне ефект на експресивна длабочина, енергија и интензитет. Шишенцето на Code Profumo е потешко и се чини како уште подрагоцено. Финалниот црн премаз ги евоцира брилијантните сјајни нијанси на килибар. Бронзеното капаче е украсено со монограм со буквите GA.