Во #ОдбројувамеДоGiveaway ви го подаруваме најпопуларниот и најпосакуван женски парфем, но во ново издание кое ќе ги воодушеви неговите обожаватели, но ќе освои и безброј нови. Тоа секако е Mon Guerlain Bloom of Rose Eau de Parfum, мирис за силни, слободни и сензуални жени со потпис на брендот Guerlain.
Оваа година на мирисната линија Mon Guerlain се придружува нов мирис, женствениот Mon Guerlain Bloom of Rose, кој ви го подаруваме во соработка со овој престижен бренд за убавина и мода.
Mon Guerlain Bloom of Rose за силни, слободни и сензуални жени!
Mon Guerlain е парфимиран манифест на денешната женственост инспирирана од Angelina Jolie. Таа е сестрана, силна, слободна и сензуална жена. Со Bloom of Rose, Mon Guerlain го продолжува своето истражување на многуте аспекти на женственост кои ја истакнуваат страста. Создаден од Thierry Wasser и Delphine Jelk, овој прекрасен мирис црпи директна инспирација од нивната муза, Angelina Jolie.
Фокусот на мирисната композиција е во силната личност на Angelina Jolie!
Композицијата од лаванда во бленд со ванила, обоена со интензивен букет од рози и вкусна нота на круша, оваа цветно-овошна мешавина е персонификација на чиста љубов. Bloom of Rose е вистинско олицетворение на кралицата на цвеќето. Розата се изразува целосно и без ограничување со подлабоки и побогати ноти.
Убавина за сите Х Guerlain Giveaway!
Ќе играме на Instagram профилот на @ubavinazasite, а сè што треба да направите за да учествувате во овој Giveaway е следново:
Следете го Instagram профилот на @ubavinazasite
Кликнете лајк на објавата!
Во коментар, означете ја личноста што ја познавате и која би сакала да учествува во овој Giveaway. Може да коментирате повеќе пати сè додека означувате различна личност.
Убавина за сите Х Guerlain Giveaway ќе трае до недела, 21 јуни во 12 часот напладне, кога по случаен избор ќе го одбереме и објавиме добитникот. Со среќа!
View this post on Instagram